• Latest
Mинистерот за одбрана на Украина Олекси Резников

Министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников: Имаме повеќе противтенковско оружје од бројот на потенцијални цели

January 29, 2022

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников: Имаме повеќе противтенковско оружје од бројот на потенцијални цели

January 29, 2022 14:48
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Mинистерот за одбрана на Украина Олекси Резников

Mинистерот за одбрана на Украина Олекси Резников

Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите информации од теренот, што ги соопшти Министерот за одбрана на Украина Олексиј Резников, руската армија во моментов на копно има распоредено 112.000 војници во непосредна близина на украинската граница. Заедно со поморската и воената воздухопловна компонента, руските сили во близина на украинските граници бројат околу 130.000 војници.

„На почетокот на декември набљудувавме 41 баталјонско-тактичка група и други единици на руската армија, кои броеја 94.000 војници. Со авијациската и поморската компонента тие броеја околу 110 илјади. Сега ги следиме единиците кои бројат околу 112 илјади војници, а со поморската и авијациската компонента нивниот број се зголеми на околу 130 илјади луѓе“ – изјави министерот Резников за јавноста (28 јануари 2022).

Според министерот за одбрана, во април минатата година, борбената компонента, која ја распореди Русија, изнесуваше 126 илјади луѓе. Тој исто така информираше дека Русија распореди 300 тенкови повеќе отколку минатата година.

„Количината на модерно противтенковско оружје што го има нашата војска денес е значително поголема од бројот на потенцијални цели“ – додаде министерот.

Како што информира министерот Резников, Украина во овој период добива огромна воена помош од САД и другите земји членки и созјузнички на НАТО ја испорачуваат во овој период.

„Веќе ја примаме воената помош во вредност од 200 милиони долари во воздухопловството. Веќе пристигна помошта за анти-тенковска борба од шведско производство од Британија. Ја очекуваме и помошта од земјите во балтичкиот регион, а примаме и финансиска помош од владата на Канада, Данска и други. Не можам да откријам детали за вооружувањето што го добиваме, но верувајте, оваа помош значително ги подобрува нашите одбранбени способности“ – изјави украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников.

Во интервју за ЦивилМедиа, амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, објавено на 13 јануари 2022, направи паралела на одбранбените способности на нејзината земја:

„Украина е во состојба на војна веќе осма година. Ние за ова бевме целосно неподготвени во 2014 година. Првичниот план на Русија беше да ја подели Украина на половина, да ги окупира источните и јужните региони на Украина, создавајќи псевдодржавен ентитет „Новорусија“. Но, дури и тогаш, кога на руските трупи им се спротивставија набрзина собрани одделни единици на украинската армија и доброволци, сè што Русија успеа да заземе во источна Украина беше релативно мала територија, а имено – дел од административната територија на Доњецката и Луганската област. […] Кремљ знае дека станавме значително посилни. Колку и да не им се допаѓа тоа на Русите, нашата борбена моќ расте, нашиот борбен потенцијал се зголемува. Вооружените сили на Украина се доопремуваат.“

И во анализата „Вести од Источниот фронт“ (ЦивилМедиа, 28 јануари 2022), се изнесува податокот дека само американската помош на Украина од критичната 2014 година до сега, изнесува 5,4 милијарди долари, наменети како за мирнодопски развој, така и за одбраната на земјата. Најновиот пакет воена помош, како што изјави и украинскиот министер за одбрана, Резников, изнесува 200 милиони долари.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ