Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пред медиумите изјави дека спорот со Бугарија на крај може да заврши во Парламентот, затоа во разговорите со Бугарија треба да се вклучат сите нивоа на власта.
Османи ја коментираше и одлуката за назначување на нов амбасадор во Софија, велејќи дека треба да се одбере искусен кадар, а предлогот е веќе испратен на бугарските власти.
Исто така, тој изјави дека политиката треба да остане на политичарите, историјата на историчарите.












