• Latest

Се интензивира дијалогот на работните групи, во Софија денеска состанок на работната група за инфраструктура, в петок средба на експертско ниво за политичките прашања

February 10, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се интензивира дијалогот на работните групи, во Софија денеска состанок на работната група за инфраструктура, в петок средба на експертско ниво за политичките прашања

February 10, 2022 08:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се интензивира дијалогот меѓу работните групи што беа договорени на крајот на јануари меѓу Северна Македонија и Бугарија, со цел враќање на довербата и надминување на разликите меѓу двете земји. Во Софија утре ќе се одржи состанок на работната група за инфраструктура, додека в петок е редовниот состанок на експертско ниво, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања меѓу двете министерства за надворешни работи. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера изјави дека и од Скопје и од Софија зависи дали позитивната енергија ќе биде преточена во конструктивен дијалог, пренесува МИА.

Премиерот Ковачевски, во однос на состанокот в петок за отворените политички прашања, рече дека доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, тогаш МНР тоа ќе го соопшти.

– Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти на ист начин како што министерот за надворешни работи имаше обраќање во Комисијата за надворешни работи, од неколку часа, каде ги образложуваше основните поставки на разговорите што се водат, изјави Ковачевски.

Тој се осврна и телефонскиот разговор со неговиот бугарски колега Кирил Петков кој се интересирал за два инцидента што се случиле и тоа едниот во врска со искинати венци на гробот на Гоце Делчев и за искршено стакло на бугарскиот Културен центар во Битола. Ковачевски го информирал Петков дека МВР согласно регуларните процедури ги прави сите истражни работи за првиот случај, а вториот е инцидент мотивиран од приватни причини.

Инаку, состаноците на работните групи меѓу двете земји, ќе продолжат со најавеното темпо – четири пати до пет пати во месецот ќе се среќаваат делегации на двете земји за да разговараат за прашања од инфраструктурата, образованието, културата, евроинтеграциите, историјата.
Овој месец преговорите продолжуваат преку комисиите, при што денеска и утре ќе се одржи состанок на Работната група за инфраструктура, при што македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  ќе престојува во Софија каде треба да се одржи состанокот на работната група за транспорт и инфраструктура меѓу Северна Македонија и Бугарија.

На состанокот, според најавите, ќе се разговара за најавената авиолинија од Софија до Скопје, како и за прашањата кои се од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата.

Се очекува утре македонската и бугарската делегација од ресорните министерства за транспорт заедно со туроператори со лет од Софија до Скопје да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје со што ќе се реализира и првиот лет на оваа релација. Очекувањата се дека редовната авиолинија Софија – Скопје ќе почне да функционира од следниот месец, а за неа, според најавите, е заинтересирана компанијата „Гуливер“.

Во Скопје, владините претставници заедно со туроператорите од двете држави ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на соработката и понудата на туристички пакети со цел да се зголемат меѓусебните посети на туристи од двете земји.

На 14-ти ќе се состане Работната група за евроинтеграции, потоа на 21-ви Работната група за образование и на 28 февруари, состанок ќе има Заедничката комисија за историски прашања, и како што вели шефот на дипломатијата Бујар Османи, четири пати ќе разговараат за иднина, а еднаш за историја.

Минатата седмица, со состанокот на Работната група за економија, трговија и иновации на претставници на С.Македонија и Бугарија, што се одржа во Скопје, почна и практичната примена на новиот пристап во односите меѓу двете земји, кои го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни за секојдневниот живот на граѓаните на двете држави и на тој начин топење на мразот околу потешките прашања е нешто што Ковачевски и Петков го промовираа и во Скопје и во Софија, на меѓувладината седница на крајот на јануари, а што треба во крајна линија да доведе до компромис за спорот и симнување на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Двете влади формираа четири работни групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. Историските прашања ќе ги разгледува веќе постоечката Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Планирано е секоја недела состанок да одржува една од овие групи, кои секоја во својата сфера ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу двете земји. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ