• Latest

ДИК: Донесена одлука за формирање помошни тела за избор на градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа

February 15, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДИК: Донесена одлука за формирање помошни тела за избор на градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа

February 15, 2022 12:05
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-одлуката за утврдување потреба од формирање помошни тела на ДИК за спроведување избори за градоначалник на Општина Маврово-Ростуше и за градоначалник на Општина Центар Жупа денеска беше едногласно донесена на 45-та седница на Државната изборна комисија (ДИК), пренесува информативната агенција МИА.

Членот на ДИК, Борис Конадарко информира дека се во изборен процес за избор на градоначалници во Маврово – Ростуше и во Центар Жупа, кои се распишаа од претседателот на Собранието Талат Џафери на 4 февруари годинава. Изборите се закажани за 17 април 2022, прв круг.

Тој соопшти дека ДИК пристапила кон изработка на сите неопходни акти и други подготвителни дејствија како и за сите избори досега, согласно Изборниот законик. Посочи дека веќе се почнати одредени процедури, во неделата почна собирањето потписи за кандидирање на изборите, на 19 февруари почнува јавниот увид во избирачкиот список…

– Оваа одлука за утврдување потреба од формирање помошни тела се носи на секои избори и произлегува од потребата за одредени дејствија и помош, покривање на работата на одредени сектори и сегменти од изборниот процес на ДИК бидејќи немаме доволно вработени или немаме доволно стручни лица. Ова конкретно најмногу ќе се однесува за ракување со изборниот материјал, доверливиот и недоверливиот, за ракување со транспорт, чување, за фингер-принт апаратот и податоците во него, како и за други сектори во централата на ДИК за помош на вработените во одредени делови од изборниот процес за поефикасно извршување на одредени изборни дејствија, образложи Кондарко. Додаде дека за конкретнитните лица кои ќе бидат ангажирани, претседателот на ДИК носи посебна одлука која ќе содржи и конкретно решение со образложение за нивните надлежности, работни задачи и одговорности.

Членот на ДИК, Бобан Стојаноски информира дека Предлог-правилникот за одлучување на избор на обработувачи на лични податоци се носи по препорака на Агенцијата за заштита на лични податоци и ќе се однесува за редовното работење на ДИК, при обработка на лични податоци.

Кондарко предложи да се спојат неколку точки од дневниот ред, сет точки што се однесуваат за заштита на личните податоци во ДИК. Образложи дека тие се поединечни акти, но, како што рече да дадеме едно заедничко образложение, а потоа може и поединечно да гласаме. Се работи за следниве точки: Предлог-правилник за одлучување за избор на обработувачи на лични податоци, Предлог-правилник за физичка безбедност на просторијата со ограничен пристап во ДИК, Предлог-план за едуцирање на раководство и овластените лица за непосредните обврски и одговорности за заштита на личните податоци и Предлог-интерна процедура  за префрлање и обработка на лични податоци од избирачки список од МВР во ДИК и Процедурата за контрола на документирани информации. Неговиот предлог беше едногласно прифатен од сите членови на ДИК, а потоа имаше поединечно гласање и сите точки беа едногласно усвоени.

Членот на ДИК, Оливер Ристовски предложи дневниот ред да се дополни со Процедурата за контрола на документирани информации.

-Оваа процедура е потребна да ја изработи ДИК и да ја усвои на денешната седница, согласно позитивните законски прописи и во содејство со Агенцијата за заштита на лични податоци од доменот на самата агенција, а сето тоа што треба да се изработи од страна на ДИК. Ги опфаќа одговорностите и должностите, како на членовите на ДИК, така и на вработените и на главниот офицер за безбедност, појасни Ристовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ