Пратениците во руската Дума денеска ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), пренесува Еуроњуз. Според руските медиуми , за одлуката гласале 351 пратеник, 16 биле против, а еден бил воздржан.
Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на државата, пренесуваат руските медиуми.
Руските пратеници го повикаа Путин да признае две области под контрола на сепаратистите во Украина.
-Пратениците на Државната Дума сметаат дека признавањето на Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск е оправдано и морално оправдано. Во текот на изминатите години, демократските тела и држави со сите атрибути на легитимната власт е изградена во републиките врз основа на волјата на народот“, . нагласи Володин.
Таквото признавање ефективно би означило крај на Протоколот од Минск – договорот за прекин на огнот со посредство на Франција и Германија во таканаречениот Нормандиски формат и кој стапи на сила во 2015 година.
Сепак, не е јасно дали Путин ќе го следи Договорот од Минск, на кој се повика во разговорот со неговиот француски колега, Емануел Макрон, за време на викендот.












