• Latest

МВР: Уапсени се две лица од Северна Македонија – запленето е оружје, муниција и пари

February 16, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

МВР: Уапсени се две лица од Северна Македонија – запленето е оружје, муниција и пари

Заедничка акција на македонската полиција и обвинителство со органите на Белгија и Холандија: Сузбиена меѓународна криминална група за нелегална трговија со дрога

February 16, 2022 19:35
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО
Share on FacebookShare on Twitter

Постапувајќи по барање за меѓународна правна помош, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога по насоки на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од раните утрински часови спроведоа кооординирана акција на шест локации на територијата на Скопје. Во исто време се спроведени и акции во Белгија и Холандија од тамошните истражни органи, информираат од МВР.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело.

Според добиеното Барање за меѓународна правна помош, под раководство на белгиски истражен судија се спроведува истрага за криминална организација која меѓудругото се занимава и со неовластено одгледување на канабис и продажба на наркотична дрога. Од дејствијата на Истражниот судија и Федералната судска полиција на Западна Фландрија, утврдено е дека поголемиот дел од членовите на организираната криминална група се македонски државјани или потекнуваат од нашата држава, а останатите се од Холандија, Бугарија и белгиски државјани.

Групата на неколку плантажи во Белгија и Холандија неовластено одгледувала канабис од 1 јануари 2020 година, а можеби и порано. Секој член на криминалната група имал своја улога во криминалната организација (оддржување на насадите на плантажите, продажба, транспорт, оддржување на локацијата за одгледување на марихуаната, плаќање на сметки за комунални услуги со лажни патни исправи итн). Осомничените македонски државјани периодично биле на релација Белгија и Холандија – Република Северна Македонија. Воедно, истрагата утврди дека осомничените дел од парите стекнати со кривично дело ги носат во РС Македонија, а со дел купуваат недвижен имот на белгискиот пазар на недвижности.

Во акцијата во која учествуваа голем број на полициски службеници, а почна координирано во трите земји во 5 часот наутро, се запленети парични средства, автоматска пушка, пушка маузер, два пиштола, поголема количина муниција, возила и златен накит, како и докази од трансакции на големи суми на пари на банкарски сметки , притоа од слобода се лишени две лица кои ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење на опасност осомничените да се дадат во бегство, да се сокријат, како и да ги уништат трагите од кривичното дело, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Воедно, обвинителството ќе побара и привремено замрзнување на имотот на осомничените лица.

Во исто време во акцијата во Белгија од слобода се лишени 11 лица и е извршен претрес на 20 локации, а во Холандија при претрес на пет локации биле уапсени пет лица.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ