• Latest

Бесими: Минималната плата е предвидена и во администрацијата, растот на другите плати и пензиите ќе се бара преку дијалог

February 17, 2022

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Бесими: Минималната плата е предвидена и во администрацијата, растот на другите плати и пензиите ќе се бара преку дијалог

February 17, 2022 15:14
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиите се стабилни и во наредниот период се земаат предвид сите ризици за тие да останат на стабилно ниво. Во Буџетот има доволна ликвидност и реализацијата на буџетските приходи, иако сме на почеток на годината, се согласно проекциите, пренесува информативната агенција МИА.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Топ тема на ТВ Телма, осврнувајќи се и на новите инструменти кои ќе бидат понудени за да се финансираат предвидените проекти преку развојни, проектни и зелени обврзници, како и обврзница индексирана со инфлација која е наменета пред се за граѓаните за да се мотивираат да инвестираат, а и да се намали сивата економија преку повелкување ќеш или заштеда, а сето тоа во рамки на законските решенија. Тоа е предвидено во рамки на домашното задолжување, додека за задолжување во странство, како што посочи, во Буџетот е предвидено издавање еврообврзница од 250 милиони евра, за која се следат состојбите и ќе биде издадена, како и во претходната година, кога на пазарот ќе има најповолни услови.

-Средствата од задолжувањата ќе одат за капитални проекти, така што и овие обврзници се наменети конкретно проектните се за одредени проекти, развојните за капитални проекти и зелената е за проекти за зелен развој, соопшти Министерството за финансии.

Во однос на барањата на синдикатите за зголемување на платите на администрацијата преку усогалсување со минималната плата, како и за барањето за зголемување на пензиите, рече дека Владата има слух и оти преку дијалог со вклучените страни ќе се дојде до одржливо решение, како што тоа беше направено и со зголемувањето на минималната плата.

– Разговорите со синдикатите за ова прашање е тековен процес и постојано се разговара. Се разговараше за минималната плата и се дојде до решение кое ќе се применува како во приватниот, така и за вработените во јавниот сектор. Ќе седнеме во наредниот период и ќе ги видиме можностите, но на прашањето треба да гледаме реално и од аспект на продуктивноста. Во овој момент не може да кажам ниту дали ќе има зголемување, ниту дека ќе нема. Она што можам да кажам е она што е планирано, а тоа е проектиран дефицит од 4,3 проценти од БДП и ако не го оствариме проектираниот раст од 4,6 проценти, а го реализираме Буџетот целосно, тоа ќе значи дека ќе имаме поголем дефицит и дополнително зголемување на инфлацијата, рече министерот, потенцирајќи дека не се сите механизми исцрпени и дека штрајкот е последно решение.

Според него, треба да се дојде до издржано решение, како во однос на прашањето за платите, така и за барањето за зголемување на пензиите.

Во однос на прашањето за пензиите посочи дека и тоа ќе се решава преку дијалог со претставници на пензионерите и оти и тука ќе се оди со одржливо решение преку промена на методологијата.

-Работиме на различни сценарија. Се прават анализи на промена на методологијата за да се најде системски одржливо решение, кое треба да се најде во подобрување на продуктивноста во економијата и со тоа и да има раст на пензиите, рече министерот Бесими.

Посочи на мерките што ги презема Владата за справување со енергетската криза, нагласувајќи дека сите се насочени кон тоа да нема голем пораст на цената на електричната енергија на регулираниот пазар, како и на основните прехранбени производи кои забележуваат раст под влијание на растот на цените на светските берзи.

Министерот укажа на очекувањата дека состојбата со растот на цените ќе се стабилизира во вториот квартал од годината, дека проекцијата на инфлацијата е 2,4 проценти во моментов, но оти зависно од тоа како ќе се движат цените, таа може да биде и повисока

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ