Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во просториите на Владата одржа донаторска конференција на која присуствуваа претставници од меѓународни организации и дипломатски претставништва.
Како што соопшти владината Прес-служба, на конференцијата националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Златко Апостолоски, заедно со своите заменици Џеладин Ајвази и Златко Арсов изразија голема благодарност до присутните за досегашната соработка и континуираната поддршка што ја даваат на Комитетот.
– Националниот координатор истакна дека поддршката на донаторите во борбата против тероризмот е особено значајна посебно во делот на јакнење на капацитетите на институциите. На конференцијата беа презентирани реализираните и тековните проекти кои ги спроведуваат во нашата држава и беа разменети искуства и добри практики кои можат да послужат во справувањето со предизвиците во оваа област, информира Прес-службата.