Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „200“ на ТВ АЛСАТ, рече дека конфликтот меѓу Украина и Русија нѐ наоѓа во поинаква ситуација, бидејќи сме членка на НАТО.
Османи рече дека и Северна Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија. Тој нагласи дека од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, кога не бевме дел од НАТО. Тој нагласи и дека во случај на конфликт во Европа, ќе имаме импликации врз цените на гасот и нафтата и поскапување на цените.
„Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на цените на гасот и нафтата и во Европа и кај нас. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонија со Европската Унија“, рече Османи.












