Според податоците на Кримската група за човекови права, Русија држи во затвор најмалку 116 жители на Крим поради политички мотивирани обвиненија.
„На крајот на 2021 година, најмалку 116 лица лишени од слобода поради политички или религиозни причини сè уште беа држени во притвор според „кримски“ кривични предмети“, се вели во извештајот за состојбата со човековите права на Крим за 2021 година, објавен на веб-страница на КГЧП, пренесува Укринформ.
Дополнително, според КГЧП, девет лица се во домашен притвор поради политички мотивирани обвиненија.
Според активистите за човекови права, најголемата група луѓе кои се гонат во оваа категорија „случаи“ се учесници во „случајот со муслиманите на Крим“.
„Од крајот на 2021 година, бројот на жители на Крим кои се затворени поради „Случајот на Кримските муслимани“ изнесува вкупно 79. На уште пет лица им е ограничено движењето: три се под полициски надзор и не можат да ја напуштат окупираната територија, а две се во домашен притвор“, се вели во извештајот.
Обвинетите во „случајот“ се обвинуваат дека се поврзани со организацијата „Хезб ут-Тахрир“ или за пропаганда на активности на организациите прогласени за терористички или екстремистички во страна на Руската Федерација, иако тие не се такви според украинските закони.
Како што е наведено, овие „случаи“ се сметаат за кршење на правото на правично судење, биделќи главен доказ за судот е исказот на анонимни сведоци (од кои многу се офицери на руската Федерална служба за безбедност), сведочења пред судење на сведоци кои подоцна изјавија на суд дека таквите искази биле дадени под принуда, и лингвистички прегледи на разговорите на обвинетите муслимани.
Доказите што ги дава одбраната обично не се прифаќаат од „судиите“, забележуваат активистите за човекови права.