• Latest

Влада: Премиерот Ковачевски денеска ќе разговара со својот украински колега, отворени сме за пружање помош

February 23, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Премиерот Ковачевски денеска ќе разговара со својот украински колега, отворени сме за пружање помош

February 23, 2022 15:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната седница е разгледана и усвоена Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина, при што е задолжено Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции, да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, информираат портпаролите на Владата, Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција за одлуките и заклучоците донесени на 16-тата седница, одговарајќи и на прашања од интерес на медиумите и јавноста.
Во моментот, информираа портпаролите, нашите набљудувачи, кои се околу 30-тина, се безбедни и ги извршуваат своите редовни обврски и во случај на дополнително влошување на ситуацијата, се наметнува потребата од брз и ефикасен ангажман во насока на осигурување на нивната безбедност.

Во однос на нашите државјани, Амбасадата на Северна Македонија во Киев има евидентирано бројка од 100-тина кои ги доставиле своите податоци дека престојуваат во Украина и од нив заклучно со вчера, се вратиле 13-мина.

На новинарското прашање дали и колку нашата земја може да прими бегалци од Украина доколку дојде до нов миграциски бран од оваа земја, беше речено дека како и во повеќе наврати досега, Владата ќе понуди помош и во случај на ескалација во Украина, иако сите напори се во насока тоа да не се случи.

Во оваа насока е и денешниот телефонски разговор, кој премиерот Димитар Ковачевски ќе го има со својот колега, Денис Шмигаљ, претседател на украинската Влада со кого меѓу другото ќе разговара и на оваа тема и по овој контакт, Владата ќе направи проценка во врска со видот на помошта што ќе ја понудиме како држава.

На прашањето за тоа дали нашата држава ќе се приклучи на санкциите кон Русија, кои ги подготвија ЕУ и САД, портпаролите го изнесоа ставот дека Северна Македонија е на линија за постигнување на 100% усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Во однос на пакетот санкции на Унијата кој што се најавува, Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи, за што јавноста ќе биде информирана, рекоа портпаролите.

Дел од медиумите побараа и одговор за тоа што содржи документот што го најави министерот за надворешни работи Бујар Османи, а којшто Влада ќе го испрати во Брисел на што беше одговорено:

„Владата со целиот свој капацитет е насочена кон решение на отворените прашања со Република Бугарија. Работните групи од двете држави работат според утврдениот план и тоа е начин преку целосна посветеност да се одржува динамиката во процесот. Ставот на Владата е јасен и повеќе пати кажан, дека тогаш кога ќе се постигнат решенија прифатливи за двете страни, ќе бидат презентирани пред надлежните институции. Нашите позиции се кристално чисти и јасни и од тоа не отстапуваме. Нема преговори за јазикот и идентитетот. Впрочем тие позиции заеднички ги потврдија сите политички партии во Собранието. Граѓаните треба да се убедени дека Владата работи на решение коешто ќе биде во интерес на сите. Силно веруваме дека искрениот дијалог е најдобриот и најсигурен начин за успех и  демонстрација на европски манири во регионот.“

Во однос на новинарското прашање за тоа дали на седница на Главниот координативен кризен штаб или на Владата е дискутирано за предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести наместо 45, сертификатот за прележан ковид да трае 180 денови и за новиот предлог, бремените жени да се вратат на работа и да се укине мерката за поседување на КОВИД сертификат за државјаните на Северна Македонија при излез од земјата, портпаролите информираа дека предлозите ќе се разгледаат на првиот нареден состанок на Главниот координативен кризен штаб. Записникот треба да биде разгледан и усвоен на владина седница и за заклучокот јавноста ќе биде информирана.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ