Енергетскиот конултант Митко Андреевски за Слободен печат вели дека во моментов Македонија не е директно засегната во однос на сигурноста во снабдувањето и испорака на гас, но во однос на цените треба да се очекува нивно зголемување.
– Сигурност во снабдување од технички аспект имаме. Од пред 2 години, гасот во нашата земја доаѓа преку Турција. Сигурноста од единствениот снабдувач во Македонија „Газпром“ е под знак прашалник. Од аспект на цените, сигурно дека цените на гасот ќе растат, а природниот гас е базичен енергент за производство на електрична енергија, па оттука неизвесен е и растот на цената на електричната енергија – вели Андреевски.
Тој посоува дека во ЕУ, најзасегната од транзитот на рускиот гас низ Украина е Германија.