• Latest

Сали: Нема потреба од продолжување на скринингот кај учениците, во фаза сме на смирување на четвртиот бран

February 28, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Сали: Нема потреба од продолжување на скринингот кај учениците, во фаза сме на смирување на четвртиот бран

February 28, 2022 15:14
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Беким Сали смета дека согласно резултатите, нема потреба да се продолжи скринингот кај учениците, бидејќи процентот на инфицирани ученици е многу мал. Тој напомена дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран, пренесува МИА.

– Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта. Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така да нема потреба од продолжување со скринингот. Секојдневно ги следиме бројките, така да сметаме дека сме во фаза ан смирување на четвртиот бран, изјави Сали по одбележувањето на Денот на ретки болести.

На новинарско прашање дали на утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се предложи дополнително намалување на мерките, министерот посочи дека прво ќе се направи анализа на епидемиолошката состојба и таа ќе даде насока во кој правец ќе се движиме.

– Серолошкиот скрининг ќе ни даде дополнителна информација како да постапуваме. Секако, ние ќе правиме анализа на состојбата која се случувала минатата недела, и ќе одлучиме за идната недела во зависност од резултатите од скринингот, додаде Сали.

Тој напомена дека засега не може да каже дали ќе има олеснителни мерки во однос на тргање на маските на децата од училиштата, како ќе постапат во идниот период зависи од утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

По повод одбележување на денот на ретките болести, министерот рече дека и оваа година очекува да со ребалансот по потреба се зголеми буџетот за терапија на пациенти со ретка болест.

– Буџет од страна на Владата се спрема на крајот на годината за следната година и нормално бројот на пациенти кои имаат потреба од терапија за ретка боелст не може да се предвиди и секако со ребаланс секоја година се зголемува буџетот кој што претходно е предвиден. Секој пациент кој има потреба од терапија е згрижен во клините на Клинички центар кај нас, така што немам некои информација за пациенти кои не ја добиваат терапијата, рече министерот Сали.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ