• Latest

Нон – пејпер од МНР за конфликтот во Украина: Да надвладее гласот на разумот и да запрат страдањата

March 7, 2022

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нон – пејпер од МНР за конфликтот во Украина: Да надвладее гласот на разумот и да запрат страдањата

March 7, 2022 13:33
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, со нон-пејпер, покренува меѓународна акција чија цел е низ контакти луѓе со луѓе да се запознае руското општество со вистинските случувања во Украина и пренесување на пораката дека „народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери“, пренесува МИА.

Документот, што го објави „360 степени“, се испраќа до земји членки на ОБСЕ, на Европската Унија, но и до други држави кои се придружија или самостојно воведоа политички и економски санкции за Русија. Иницијативата е и во функција на идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ.

-Одлуката на Кремљ да води војна во Украина е во спротивност со сите основни меѓународни норми, кои го гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на секоја држава. Народот во Русија треба да биде информиран и свесен за оваа бесмислена и неоправдана агресија, иако пропагандата на нивната Влада е во полн замав, пишува во документот.

Нон-пејпер на МНР за запознавање руското општество со вистинските случувања во Украина

Идејата е, како што се посочува, во услови на дезинформациска кампања на која се изложени руските граѓани, да се воспостават канали на комуникација на различни групи професионалци од Европа и пошироко со нивни колеги од Русија.

-Предлагаме општествата во Европа и пошироко да бидат погласни во комуникацијата со своите колеги во Руската Федерација, со цел гласот на разумот да надвладее. Додека се осудуваат постапките на Путин, треба јасно да се каже дека народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери. Понатаму, тие треба да се соочат со вистината за нападите врз цивилните објекти – објекти за домување, училишта и болници, како и за цивилните жртви, вклучувајќи жени и деца, пишува во нон-пејперот на МНР.

Во документот се оценува дека додека обичните украински граѓани се соочуваат со ужасите на војната, обичните руски граѓани се соочуваат со кампања за дезинформирање и агресивна пропаганда од Кремљ, во обид да се оправда.

Последиците од неиспровоцираната и неоправдана воена интервенција на руската Влада во Украина, во поширок контекст, се наведува понатаму, се чувствуваат низ цела Европа и светот.  Убедени дека рускиот народ нема да се согласи со оваа агресија и кога ќе се соочи со злото, целиот свет ќе се обедини.

-Во оваа насока, ние го поздравуваме гестот на истакнатите руски дејци што го кренаа гласот против војната. На Русија и на целиот свет им требаат уште вакви примери. Целта на овој ангажман е да ги убеди луѓето во Русија дека остатокот од Европа и другите не се нивни непријатели. Треба да ги здружиме нашите напори за да го запреме страдањето. Да го увериме рускиот народ дека сакаме да го вратиме мирот и да ја продолжиме нашата соработка заснована на еднаквост, слобода, правда, почитување на човековите права и пријателски односи меѓу државите, се наведува во нон-пејперот.

Во документот се поздравува и неодамна усвоената Резолуција на Генералното собрание на ОН за агресијата врз Украина, оценувајќи ја како одличен пример дека Русија е тотално изолирана во нејзиниот наратив.

-На крајот, лидерите ќе си подадат рака, но цената ќе ја плати народот. Тагата на мајката е иста кога се соочува со војна и кога ги губи своите синови. Стариците ќе го чекаат својот маченички син, жената ќе го чека саканиот сопруг, а децата ќе го чекаат својот татко. И сите ќе платат иста цена, без разлика на која страна се од границата, се вели во документот од МНР.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ