• Latest

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

Америка гласа на најскапите избори во својата историја, со рекордни вложувања на милијардерите, правни судири околу избирачките списоци и невидено федерално набљудување. Во игра е контролата врз Конгресот, но и рамнотежата на моќта во Вашингтон, со последици за целиот свет.

November 3, 2026 18:52
in РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Американските меѓуизбори на 3 ноември се одвиваат во атмосфера на силна политичка поларизација во битката меѓу републиканците и демократите за превласт во двата дома на Конгресот. Економското незадоволство, војната со Иран, имиграциската политика и цените на енергенсите се меѓу главните прашања што го дефинираат изборната Истовремено, се одвива уште политичка драма што се однесува на правилата за гласање и довербата во изборните резултати.

Милијардерите и изборите: Кој плаќа и кој одлучува?

Според OpenSecrets, вкупната изборна потрошувачка се очекува да достигне 11,9 милијарди долари, рекорд за американските меѓуизбори. Од нив, околу 3,9 милијарди се очекува да бидат потрошени од независни политички организации.

Илон Маск е највпечатливиот пример за концентрацијата на финансиска моќ. Според анализата на New York Times, од јануари 2025 година вложил најмалку 474 милиони долари, главно во поддршка на републиканците. Од нив, 216 милиони се насочени кон неговиот политички акционен комитет (America PAC – Political action committee), 168 милиони кон организацијата што ги поддржува републиканските кандидати за Сенатот и 30 милиони за Претставничкиот дом.

Според Brennan Center, само 40 најголеми донатори вложиле 2,4 милијарди долари до средината на октомври. Донаторите што ги поддржуваат исклучиво републиканците вложиле повеќе од трипати поголеми средства од оние што ги поддржуваат демократите.

Од друга страна, демократските кандидати располагаат со поголеми сопствени изборни буџети, додека републиканците имаат предност кај независното политичко финансирање. Оттаму, освен за цената на самиот изборен процес, јавноста и експертите дискутираат и за влијанието што го имаат супер богатите врз политичкото одлучување.

Обвинувања за измами и судски блокади

На самиот праг на изборите, администрацијата на Доналд Трамп побара блокирање на пребројувањето поштенски гласачки ливчиња поврзани со повеќе од 20.000 регистрирани гласачи во Калифорнија, за кои тврди дека можеби не се американски државјани.

Но иако Трамп беше исклучително гласен, Врховниот суд на САД го одби барањето на 2 ноември, што беше силно поздравено во демократската јавност во земјата.

На 2 ноември Министерството за правда соопшти дека се покренати обвиненија против 63 лица за различни изборни прекршоци, вклучително и случаи од претходни изборни циклуси. Сепак, овие обвиненија не претставуваат доказ за организирана или масовна изборна измама на денешните избори.

Трамп претходно изјави дека ќе ги прифати резултатите доколку бидат „чесни“, што се протолкува како негово избегнување за недвосмислено прифаќање на изборните резултати. Тоа дополнително ја засилува политичката неизвесност околу пребројувањето.

Илјада федерални набљудувачи во сите 50 држави

Нова околност е одлуката на Министерството за правда да распореди приближно 1.000 изборни набљудувачи и монитори во сите 50 сојузни држави, најголема операција од ваков вид во историјата на институцијата.

Администрацијата наведува дека целта е заштита на изборниот интегритет. Демократите и организациите за заштита на правото на глас предупредуваат на ризици од федерално мешање и притисоци врз изборните администрации.

Гласањето засега се одвива со релативно малку проблеми. Во округот Вестчестер, Њујорк, се пријавени технички проблеми со машините, додека поплавите предизвикале промени на гласачки локации во југозападните делови на земјата.

Изборниот процес не завршува со гласањето

Демократите треба да освојат најмалку три дополнителни места во Претставничкиот дом и четири во Сенатот за да ја преземат контролата врз двата дома.

Исходот ќе влијае врз способноста на претседателот Трамп да ја спроведува својата политичка агенда, врз конгресниот надзор и врз американската политика кон Европа, Украина, НАТО и Блискиот Исток.

Затоа, американските гласачи денеска не одлучуваат само за тоа кој ќе има мнозинство во Конгресот. Тие одлучуваат и каква ќе биде институционалната рамнотежа во државата, за политиките во земјата, како и односот кон светот и сојузниците.

Овие избори се опишуваат како историски, а се одржуваат во време кога никогаш не било поочигледно како парите, политичката моќ и довербата во демократските процедури се причина за жестока поларизација во САД.

Џ. Дерала

 


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ