• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

Го објавуваме текстот на колумнистот на ЦИВИЛ МЕДИА, Војо Маневски, пишуван ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, а во кој се навестуваат денешните состојби во македонската економија.

November 3, 2026 12:04
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Банките навикнати на повластена положба на доверители на буџетот не се подготвени да се откажат од сопствените приходи и не сакаат да преземаат никаков ризик. Тоа што наплатуваа за секое парче хартија што го издаваат или за секое електронско прегледување на сметките од страна на граѓаните – еее, тоа е нивна цена за банкарските услуги. Тоа што таквите приходи беа во спротивност со Законот за потрошувачите, кој смееше да праша?

Војо Маневски

Убаво е да се седи на ручек, да се посакуваат и порачуваат врвни предјадења, па главни оброци, па десертни вина. Сѐ е тоа задоволство, сѐ до моментот кога човекот во ливреисана облека и конфекциска насмевка го донесе тефтерчето со сметката. Најприроден израз на лицето е токму тогаш кога ќе се сретне погледот со долгата редица броеви. Она што низ мислите се провлекува е  – како да се плати сметката која ги надминува очекувањата?

Ова како идентитет на мојот народ барам да се стави во регистарот на идентитетски карактеристики. Со мечка ќе се бори, со соседи ќе се расправа, ама со банки ниту знае како, ниту има песна испеано за таква херојска борба. Додуша му останало во сеќавање дека му ги заробија заштедите во девизи во деведесеттите, па после мораше да коленичи да му ги враќаат на рати, ама дефинитивно за борба против лихварското банкарство не е подготвен. Ај народецов мој што не умее лихварите да ги разбере, ама кога ниту неговите политички избраници тоа не го знаат и можат мора дебело да се размисли.

Премиерот е изненаден од ниската општествена одговорност на банките. Не очекувал алтруизам, ама да бидат дел од новата политика секако очекувал.

Километри текстови напишав, море од реченици разделив со поранешни министри за финансии и финансиски експерти, кои не се осмелуваа да кажат јавно дека банките се посебен слој кој е недопирлив. Објективно, сеќавањата за огромната инфлација и валутната несигурност од крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите го зацврсти стравот дека секоја заштеда или добар кредит зависи од сигурноста на банковните портфолија. Тоа треба да е така, ама сѐ до моментот кога таа стабилност стане цел за себе, а профитот на банките ја диктираат севкупната макроекономска политика на владите досега.

Ако си должен, а плус и си упатен на кредити секои три месеци, тешко дека имаш простор за некаква креативна економска политика надвор од интересот на големите банки. Ако не ми верувате видете ја динамиката на задолжување на Владата на домашниот пазар.

Таквата комотна положба на банките им дава слобода да инвестираат во кредити, во непродуктивни недвижности затоа што имаат двојна камата. Ем ги кредитираат градежните компании, ем ги кредитираат купувачите на станови. Затоа сега градовите ни наликуваат на божиќни елки. Се палат сијалиците, ама само за празници. Производните погони не се прават, зошто се помалку профитабилни. Потешко се враќа кредитираниот капитал и ризикот е поголем. Подобро е врапче во рака, отколку гулаб на гранка!

Нема бесплатен ручек велат Кензијанците, ама и нашите предци домаќини. Владата зеде кредит со поволни камати и има добра намера да го стави на располагање на компаниите кои имаат потреба од поефтин капитал. Пеколот е поплочен со добри намери, велат мислителите. Банките навикнати на повластена положба на доверители на буџетот не се подготвени да се откажат од сопствените приходи и не сакаат да преземаат никаков ризик. Тоа што наплатуваа за секое парче хартија што го издаваат или за секое електронско прегледување на сметките од страна на граѓаните – еее, тоа е нивна цена за банкарските услуги. Тоа што таквите приходи беа во спротивност со Законот за потрошувачите, кој смееше да праша? Тоа што место по пошта им ги дадоа пензиските фондови и исплатата на пензиите е тоа е современ банковен електронски систем и никој не смее да застане на патот на напредокот.

Сега кога треба да бидат општествено одговорни и технички да помогнат свеж капитал да дојде до компаниите, тие велат дека не се алтруисти, туку се на пазарот кој не познава такви поими, туку работи на принцип на пазарни законитости каде секоја услуга и секој преземен ризик мора да се плати.

Ете како секој предизвик ги покажува слабостите на системот! Значи господа политичари, во редицата на нужни реформи ставете ги и банките. Како вели нашиот народ – кога е мака се познаваат јунаците.

ЦИВИЛ МЕДИА, 3 ноември 2024

 


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ