• Latest
Добро утро со Орданоски

Не е фер „Макпетрол“ сега да се заканува

March 11, 2022

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Не е фер „Макпетрол“ сега да се заканува

Со други зборови, „Макпетрол“ порачува дека, бидејќи му се чепка во џебот, ќе престане да точи гориво на пумпите, па власта нека му ја мисли.

March 11, 2022 06:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Од она што економско-финансиски дунстери како мене можат да го пронајдат на интернет, според податоците за кризната 2020 година, вкупната сеопфатна добивка на „Макпетрол“ изнесувала приближно 6.5 милиони евра. Во следната, не помалку кризна 2021 година, вкупната добивка – само за првите три квартали од таа година – изнесувала речиси 20 милиони евра, иако значаен дел од тоа отпаѓа на продажбата на акции во „ГА-МА“ АД, што се реализираше тоа лето, преку Македонската берза.

Претпоставувам дека, од ѓутуре, за 2020 и 2021 година, акционерите на „Макпетрол“ оствариле приближно 30 милиони евра профит. Би се рекло, не е лошо за македонски услови, во години во кои севкупното работење во светот под карантинско-пандемиски ограничувања силно се одрази врз светската економија на движење и транспорт, од што директно профитира нашето најголемо акционерско друштво за трговија со нафта и нејзините деривати. Впрочем, од компанијата пред само неколку месеци се пофалија дека „оствариле извонредно позитивен резултат, што покажува дека е во одлична состојба“. Лидер на пазарот.

Вчера, пак, истиот тој „Макпетрол“, а по објавувањето на Владината мерка за намалување на трговската маржа на горивата за 30-тина отсто, излегоа со заканувачко соопштение дека се создадени „непазарни услови“ и со „несоодветната методологија за пресметка, се доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна“ цена, со што загубите ќе им бидат „огромни“. Тоа, велат од компанијата без многу двосмислености, „може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција којашто и ‘Макпетрол’ сериозно ја разгледува“.

Дополнително, од компанијата уште ѝ порачуваат на Владата дека „вештачкото држење на ниски цени на горивата, како социјална категорија“ ќе треба да го платат од своите годишни профити, а дека ваквата владина „популистичка мерки е неодржлива и може да создаде дополнителна паника меѓу граѓаните, зголемена побарувачка и недостиг на гориво“.

Со други зборови, „Макпетрол“ порачува дека, бидејќи му се чепка во џебот, ќе престане да точи гориво на пумпите, па власта нека му ја мисли.

Не знам дали вчерашната реакција на власта за „военото профитерство“ на некои домашни трговци се однесуваше (и) на „Макпетрол“, но на сите ни е јасно дека „вештачкото држење на ниски цени на горивата“ тукушто, од „невештачки“ причини, отиде по ѓаволите. Во синџирот на причините за тоа најважно место заземаат едни тенкови што газат врз една туѓа земја. Како што почна драматично да се покачува цената на барел нафта на светските берзи, можеби ќе стане исплатливо и Македонија да почне да ги експлоатира резервите на нафта кои лежат под Овче Поле. До таму е стигната таа ненормална работа.

Според тоа, како што се чини, можно е нашиот домашен нафтен лидер на пазарот навистина да загуби некој милион евра од годишниве профити. Дури и тоа чудо да се случи, некоректна е заканата со дестабилизирање и на пазарот и на државата за еден грст акционери да си го зачуваат профитот. Секоја држава има начини како да се справи со такви екстремни предизвици, ако дојде да мора да бира меѓу опстанокот на граѓаните и профитот на некоја компанија. Во колевките на капитализмот денеска се преземаат мерки без правно-капиталистички мирнодопски преседан на персонални и државни масовни санкции, заплена на движни и недвижни имоти, реквирирање на цели компании, забрани за располагање со капитал, акции и пари, бидејќи светот се соочува со војна во која нема да има профит што нема да остане нечепнат, освен во индустријата на оружје и погреби.

Во најмала рака, државата може времено да преземе управување со некоја приватна компанија (како што се случи со скопското парно греење зимово), а во најлош случај (навистина во најлош, ако и војната и последиците од неа ескалираат до неиздржливи граници) некому може да му текне и да национализира цели стопански сектори и фирми.

Затоа е важно, во овие деликатни времиња, стратегиските компании и пазарните лидери внимателно да си ги бираат и зборовите, а не пак акциите. Оти, во какво време живееме, ќе нема нив кој да ги жали.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: воено профитерствоМакпетролнационализацијаПрофит
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ