• Latest

Забрчанец: Импресивна е оценката од САД за „Отворен Балкан“, огромна е поддршката од граѓаните

March 13, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Забрчанец: Импресивна е оценката од САД за „Отворен Балкан“, огромна е поддршката од граѓаните

March 13, 2022 12:49
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Отворен Балкан“ во моментов е иницијатива со највисоко ниво на поддршка и препознаеност од страна на граѓаните и меѓу другото претставува и дополнителен придонес кон регионалната стабилност, во услови на активна војна на териоторијата на Европа, вели Марјан Забрчанец, национален координатор за „Отворен Балкан“ и за регионални иницијативи во интервју за Нова ТВ.

Лидерите Заев, Вучиќ и Рама кога ја промовираа иницијативата „Отворен Балкан“ најавија амбициозен план до 2023 година да нема граници меѓу трите земји и да има слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Контролата на границите, намалувањето на корупцијата и намалувањето на државната контрола во економијата се исто така очекувани придобивки од ова регионална иницијтива која добива се поголема политичка поддршка, но и од граѓаните.

На средбите со специјалниот претставник Ескобар, со останатите одговорни лица за Европа и регионов во Стејт департментот, со претставници на Сенатот и на меѓународните организации НЕД, НДИ и Атлантски совет, во повеќе наврати беше потенцирано дека Западен Балкан има недвосмислена европска иднина и дека земјите од регионот треба да станат членки на Унијата во разумен рок бидејќи со тоа ќе донесат нови можности за Европа.

Од властите во САД беше изнесена силна и јасна поддршка за регионалната иницијатива „Отворен Балкан”, а како импресивна беше оценета економската и политичката соработка која се развива меѓу трите земји членки, со можност истата да се проширува. Тие особено се заинтересирани да го поддржат овој поинаков Западен Балкан кој не е базиран на 90-те туку на денешната реалност во нашиот регион. А, реалноста значи регионална соработка и отстранување на сите пречки за слободно движење на луѓе, стоки, производи и услуги…

Последната анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) евидентираше силна поддршка за „Отворен Балкан“ и од граѓаните.

– Добрососедските односи во регионот и во Европа се негуваат преку регионалните иницијативи како што е Отворен Балкан. Отворен Балкан во моментов е иницијатива со највисоко ниво на поддршка и препознаеност од страна на граѓаните и меѓу другото претставува и дополнителен придонес кон регионалната стабилност, во услови на активна војна на териоторијата на Европа. Имајќи ги предвид последните истражувања на реномирани меѓународни организации и истражувачки агенции, станува јасно дека околу Отворен Балкан во земјава се гради национален консензус – имено, поддршката од страна граѓаните изнесува високи 75% во просек, а она што радува е што не постои демографска група која е со поддршка под 65%, додека кај некои од групите граѓани како што се на пример неопределените гласачи, поддршката за Отворен Балкан оди и до 85 отсто.

Целото интервју на НОВА ТВ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ