• Latest

Вистиномер: Патот кон ЕУ затрупан со опструкции од соседите, но и со неспроведени реформи

March 16, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Вистиномер: Патот кон ЕУ затрупан со опструкции од соседите, но и со неспроведени реформи

March 16, 2022 10:35
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните како најголем виновник за застојот во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија ги посочуваат опструкциите од соседните земји кои се членки на ЕУ, но има и такви кои сметаат дека државата не направила доволно во реформскиот процес. Ова доведува до пораст на поддршката за Евроазиска унија предводена од Русија, покажуваат двете истражувања изработени од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, спроведени во ноември минатата година, пишува „Вистиномер“.

Иако 43 отсто од испитаниците ги обвинуваат опструкциите од соседните држави кои се членки на ЕУ за немањето напредок во пристапниот процес и за тоа зошто земјата не е членка на ЕУ, сепак над една третина од населението (34 отсто) проблемот го лоцира во неостварување на домашните реформи, што претставува зголемување од 15 отсто во споредба со 2020 година, се вели во анализата.

Истражувањата покажуваат дека ваквите податоци доведуваат до намалување на кредибилитетот на ЕУ во државата, како и до висок процент кај оние кои поддржуваат Евроазиска унија на чело со Русија.

Евроазиската Унија предводена од Русија, како алтернатива на членството во ЕУ е поддржана од една третина од испитаниците во истражувањето, додека противниците на таа алтернатива имаат стабилно мнозинство од 53 отсто. Се забележува разлика кај етничката припадност, па така високи 45 отсто од Македонците би поддржале членство во Евроазиска унија.

Во истражувањата се забележува дека ветото добиено од Бугарија се рефлектирало и на процесот на спроведувањето на реформи кај кој се констатира застој.

Внатрешните реформи насочени кон зголемување на демократизацијата и усогласувањето на националното законодавство со европското acquis беа речиси ставени во мирување. Еден од процесите што можеше да го донесе процесот на европеизација во државата беше планот „Европа дома“. Овој план предвидуваше реформи во областа на судството и владеењето на правото, јавната администрација, изборниот процес и климатските промени. Сепак, речиси девет месеци од неговото воведување, Владата не објави ниту една значајна активност што би значела успешно остварување на целите зацртани во планот, стои во анализата.

Апели за фокусирање на реформскиот процес деновиве (03.03.2022) пристигнаа и од Евроамбасадорот во ЕУ, Дејвид Гир и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер на прес-конференција во седиштето на ЕУ во Скопје пред неколку дена.

Амбасадорите порачаа дека реформите и преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија мора да продолжат, бидејќи тие се условот за членство во ЕУ и дека не треба да се прават споредби на ситуацијата меѓу Русија и Украина, со онаа на Северна Македонија и Бугарија, бидејќи станува збор за крајно различи ситуации.

Имаме силен стратешки интерес да ја видиме Северна Македонија членка на ЕУ, но треба да испорачате реформи. Тоа веќе беше изразено од страна на сите европски лидери во Брдо и тоа е всушност клучната порака која што ние ја кажавме. Се разбира дека процесот на пристапување треба да биде испорака на реформи. Ова е тековен процес што ќе ја приближи земјата до ЕУ и тоа мора да продолжи, порачаа Гир и Бомгартнер.

Реформскиот процес кој треба да го спроведе државата во сите кластери од новата методологија за проширување, нашироко е објаснет во извештаите кои Европската комисија ги дава за напредокот на државата во нејзиниот пат кон Европската Унија. Во последниот Извештај објавен во октомври 2021 година се вели дека земјата треба да продолжува да одржува стабилно и одлучно темпо во унапредувањето на реформите на ЕУ, фокусирајќи се на кластерот Темели.

Нерешените билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија треба приоритетно да се решат. Властите во Северна Македонија продолжија јавно да ја покажуваат својата посветеност за напредок на патот кон ЕУ. Одложувањата на официјалното започнување на преговорите за пристапување имаат негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ. Владата работеше на реформската агенда на ЕУ и на справување со последиците од пандемијата на КОВИД-19. Треба да ја задржи реформската динамика и да се фокусира на спроведувањето на постојната правна рамка, наместо да започнува спорадични нови иницијативи. Навременото и суштинско спроведување на реформската агенда бара одржлива поддршка од општеството во целина, стои во Извештајот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ