• Latest

Ковачевски: Имаме најефтина цена во регионот за нафта и нафтени деривати

March 16, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Ковачевски: Имаме најефтина цена во регионот за нафта и нафтени деривати

March 16, 2022 15:41
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека цената на нафтата и нафтените деривати, ја определува РКЕ, која е независна Комисија за енергетика и која што цената ја определува врз основа на пропишана методологија, информираат владините служби.

„Во однос на цената на нафтата и нафтени деривати ние сме сведоци дека заради одлуките кои што ги донесовме во однос на скалестото намалувањето на акцизата и намалувањето на ДДВ во регионот ние имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати, било каде да отидете нема да најдете поефтина цена и тоа се должи на брзата и навремена одлука која што беше донесена, односно мерките и препораките донесени од страна на Владата и ефикасноста на Парламентот во донесувањето на законските решенија“, рече Ковачевски.

Ковачевски нагласи  дека дел од компаниите кои што работат на пазарот со нафта и нафтени деривати покажаа шпекулативно однесување, а тоа веднаш беше санкционирано од страна на соодветните инспекциски служби.

„Цените на енергенсите и цените на храна не се зголемени заради Република Северна Македонија, тие се зголемени заради војната во Украина и заради зголемувањето на цените на светските берзи, она што ние го правиме е навремено да донесеме мерки со кои што ќе заштитиме граѓаните да не се соочат со ценовни шокови“.

Ковачевски додаде дека тоа е направено во однос на електричната енергија којашто е со најмала цена во регионот и пошироко, што се должи на одлуките на Владата за субвенционирање на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи со што некаде околу 80% од цената на електрична енергија е субвенционирана од државата, како и дека антикризните мерки се таргетирани кон најранлвите категории граѓани како најпогодени од кризата, како на пример со три месечна финансиска поддршка од по 1.000 денари помош за 35.000 пензионери, како и по 1.000 денари енергетска субвенција за плаќање на енергенси и на огрев во текот на целата година.

„Минималната плата е покачена повеќе од инфлацијата. Да се потсетиме дека пред пет години беше 9.000 денари, сега е 18.000 денари и таа е покачена за 100%. Пред пет години беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка, сега се потребни две минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка. Тоа се факти кои што можеме да ги коментираме меѓутоа не можеме да најдеме аргумент против нив. Ова е придобивка на една социјалдемократска Влада која што навистина се грижи за примањата на оние кои што многу придонесуваат во општеството, но и за најранливите категории“, Ковачевски.

Во однос на пензионерите, Ковачевски нагласи дека низ дијалог е постигната методологија за историско зголемување на пензиите и оваа година секој пензионер на ниво на просечна пензија ќе има 200 евра повеќе приход во однос на минатата година.

Сеопфатните мерки го вклучија и решавањето на парното греење во градот Скопје каде што прво се направи преземање на управувањето со БЕГ со цел да не дојде до прекин на снабдување со Скопје кое што би предизвикало и големи проблеми во електроенергетската мрежа во одредени делови на градот.

„Со трансфери од Владата за обезбедување на енергенси за производство на топлинска енергија се субвенционира во најголем износ и цената на парното греење и со ова покажавме дека прво сите граѓани од најранливите категории се директно помогнати од државата и сите граѓани се заштитени од ценовен шок кој што можеше да се случи“, потенцираше  Ковачевски и додаде дека во делот на храната како прва мерка беше замрзнување на цените, а додека во втора фаза беа ограничени маржите во малопродажбата и во големопродажбата што овозможи да има контрола на цените на основните прехранбени продукти.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ