• Latest

Мрежата за борба против хомофобија и трансфобија го осудува повлекувањето на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција

March 22, 2022
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025

И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажи од „визите“ на Заев и Филипче

May 14, 2025

Реакции: Од „Уа“ до „Браво“; „Цела влада треба да го следи светлиот пример на Таравари“…

May 14, 2025
Фото: Скриншотови од видео на CNN

Семејството Трамп го проширува бизнисот на Блискиот Исток во неговиот втор мандат

May 14, 2025

МВР за ЦИВИЛ Медиа: Лицето кое изврши убиство на Бит Пазар е познато на полицијата

May 14, 2025

Мрежа за климатска акција на Европа: Земјите од ЗБ да се обврзат на целосно укинување на јагленот до 2040 и зголемување на системите за обновлива енергија

May 14, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најинтензивните борби досега го потресуваат либискиот главен град

May 14, 2025

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

May 14, 2025
Фотографија: WIkipedia

Харвард ја прошири тужбата откако Трамп откажа дополнителни 450 милиони долари грантови

May 14, 2025
Фото: миа.мк/архива

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици, предметот вратен на повторно постапување

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Мрежата за борба против хомофобија и трансфобија го осудува повлекувањето на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција

March 22, 2022 14:47
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија најостро ја осудува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за повлекување на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, еден ден пред да биде разгледан на собраниска Комисија за политички систем.

– Со ова нашата држава најпрво потфрла да изгради општество за сите, на премиса на која всушност и дојде на власт. Второ, потфрла да ја исполни обврската кон Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), која произлегува од пресудата во случајот „Х против Македонија“, донесена во јануари 2019, со која експлицитно ја задолжува државата да овозможи брза и лесна административна постапка за правно признавање на родот врз основа на себеопределување, изјави денеска Лила Милиќ од Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во РСМ.

Таа истакна дека принципот на самоопределување е загарантиран со меѓународните стандарди со кои е обврзана нашата земја, а Советот на Европа ги поддржува сите земји-членки при остварувањето на ова право, без оглед дали се однесува на себеопределување како национален и етнички идентитет или родов идентитет.

– Барањата на одредени пратенички групи за измени во законот со кои би се предвиделе насилни медицински интервенции врз трансродовите луѓе, како што се дијагностицирање, хормонска терапија, хируршки зафат или стерилизација, како предуслов за пристап до правно признавање на родот е спротивно на Уставот на РСМ, кој го гарантира телесниот интегритет на сите овие граѓани. Дополнително, ваквиот предлог е спротивен на одлуката на Светската здравствена организација и последната ревизија на класификацијата на болести каде трансродовите состојби се повлечени од кластерот за ментални заболувања, сподели Милиќ.

Според неа, загрижува фактот што во медиумите се шират голем број лажни вести и се споделуваат изјави од политичари кои, не се базираат на точни информации.

– Веста, на пример, дека усвојувањето на Законот за матична евиденција е вовед во истополови бракови е целосно неточна, затоа што предлог-законот предвидува задолжителен развој за сите кои сакаат да пристапат до правно признавање на родот. Понатаму, загрижени сме за ширењето на паника дека овој закон може да придонесе до широка злоупотреба, без притоа да се провери праксата во земјите каде овие закони се во сила веќе долго време и каде злоупотреба на правното признавање на родот досега не е утврдена, рече таа.

Спроведувањето на овој закон,  нема буџетски импликации, ниту пак какви било други негативни влијанија за општата јавност, едноставно, има само позитивни ефекти за трансродовите лица кои сакаат да ги усогласат своите лични документи, што е во насока на стратешките определби на нашата земја да изгради општество еднакво за сите и со развојните политики никој да не биде изоставен.

Наташа Бошкова, адвокат и правна советничка во Коалиција Маргини посочи дека загрижува фактот што, како што рече, најгласните пратеници кои се противници на овој закон, очигледно го немаат прочитано предлог-законот.

– Кажувањата дека со усвојувањето на предлог-законот ќе се злоупотребуваат законите за извршување на санкции, ќе се злоупотребуваат законите за искористување на правото на пензија, не се точни, затоа што самиот закон предлог има гаранција за граѓаните кои ќе пристапам до правно признавање на родот да не можат да ги злоупотребат и, дополнително, секој од овој закон во својата област ќе треба да си ја доуреди процедурата за регулирање на правата на граѓаните, рече таа.

Според неа, аргументите за тоа дали треба или не треба да се усвои овој закон треба да се соочат во собрание.

– Жалам што законот е повлечен, година дена законот седи во Собрание, никој не нè покани на јавна расправа да ги соочиме овие аргументи, да ги соочиме прашањата па да разобличиме дали овие стравови на дел од пратениците се оправдани или се извор на далеку вкоренета трансфобија, рече таа.

Од мрежата повикуваат Владата да го врати законот во Собрание и таму да се разговара за сите спорни прашања дали треба или не треба да се усвои.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ