• Latest

Македонија: Преглед на дневни настани (17 јуни 2016)

June 17, 2016

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на дневни настани (17 јуни 2016)

June 17, 2016 23:36
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (17 јуни 2016 година): ВМРО-ДПМНЕ: Владимир Талески е еден од најдобрите градоначалници во Македонија || Спировска: Шарената револуција ќе ја критикува и секоја наредна власт! || Упад на Советот на обвинители во обвинителствата: Ќе се пензионираат 30 „непослушни“ обвинители! || СДСМ: Груевски панично покажува огромен страв од регулрани избори!

timeline

ВМРО-ДПМНЕ: Владимир Талески е еден од најдобрите градоначалници во Македонија

Image

„Владимир Талески е еден од најдобрите градоначалници во Република Македонија. Талески чесно и совесно си ја вршеше својата функцијата од 2005 година наваму. Затоа битолчани трипати по ред му ја даваа поддршката“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа добро го знае и аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој знае дека со луѓе како Талески, деструктивната политика на СДСМ никогаш нема да добие поддршка од граѓаните. Затоа, Заев кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра, нарачува политички прогон на градоначалници и функциoнери на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Ивица Конески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Катица Јанева постојано ги следи неговите наредби. Таа мора да биде негов послушник за да ја оправда платата од 3.000 евра. Затоа СДСМ се закануваат и вршат притисоци врз судиите, бидејќи знаат дека тука не станува збор за правда базирана на какви било докази, туку за класичен политички линч. Јанева и судиите кои подлегнаа на притисокот од СДСМ, се должни да и објаснат на јавноста како е можно да се бара и да се изрече мерка куќен притвор за градоначалникот Талевски, а да нема таква мерка за градоначалникот на Струмица кој целата јавност го виде како бара поткуп од едно евро за него и едно евро за Вицето“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Спировска: Шарената револуција ќе ја критикува и секоја наредна власт!

DSC_0401

„Искрено, денеска не очекувам дека ќе има некоја промена. Многу е смешно што власта мисли дека може да не залаже со ситните натегања како што е притворот за Талески, како што е оставката на Ставрески. Чудно е што не се свесни дека тоа не е доволно, дека не се бориме за тоа, туку се бориме за правда а не за селективна правда, не за праќање на одредени луѓе во затвор за да се спасат два члена на Фамилијата!“, вели во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, Симона Спировска, граѓанска активистка и шарена револуционерка.

Упад на Советот на обвинители во обвинителствата: Ќе се пензионираат 30 „непослушни“ обвинители!

tn1_20160617_130115_anevski

Советот на јавни обвинители донел одлука да не им го продолжува мандатот на обвинителите кои имаат над 64 години и на тој начин, до крајот на годинава, ќе разреши најмалку 30 обвинители од постарата генерација низ сите обвинителства во земјава, дознава „Сведок“ од извори во Советот.

Откако е изменет Законот за работни односи и се дозволува да се продолжи работниот век на работниците до 67 години, истиот Совет, над 2 години носи одлуки со што им се продолжува мандатот на обвинителите кои сакаат да ја искористат законската можност и да работат до 67 години?!

СДСМ: Груевски панично покажува огромен страв од регуларни избори!

download

„Откако се распукаа сите бетони на фамилијата и се поништи дури и криминалната аболиција, Никола Груевски панично покажува огромен страв од соочување со граѓаните на регуларни избори. Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, СЈО е под постојани опструкции, прекинат е политичкиот дијалог, само затоа што Груевски се плаши од слободни избори. Тоа го знаат сите.

Оттука, медиумските курири неуспешно се обидуваат стравот на Груевски од слободни, фер и регуларни избори да го покријат со постојани измислици. Во Македонија нема да има уште едни криминални избори, како што вети лидерот на демократска Македонија, Зоран Заев. Македонија ќе има само слободни, фер, демократски и кредибилни избори. Не може да избега Груевски, колку и да се обидува да одолговлекува“, соопшти СДСМ.

 

Tags: Македонија: Преглед на дневни настани (17 јуни 2016)
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ