• Latest

Национална мрежа против хомофобија и трансфобија: Нашите поддржувачи во Собранието замолкнаа пред своите колеги

March 24, 2022
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025

И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажи од „визите“ на Заев и Филипче

May 14, 2025

Реакции: Од „Уа“ до „Браво“; „Цела влада треба да го следи светлиот пример на Таравари“…

May 14, 2025
Фото: Скриншотови од видео на CNN

Семејството Трамп го проширува бизнисот на Блискиот Исток во неговиот втор мандат

May 14, 2025

МВР за ЦИВИЛ Медиа: Лицето кое изврши убиство на Бит Пазар е познато на полицијата

May 14, 2025

Мрежа за климатска акција на Европа: Земјите од ЗБ да се обврзат на целосно укинување на јагленот до 2040 и зголемување на системите за обновлива енергија

May 14, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најинтензивните борби досега го потресуваат либискиот главен град

May 14, 2025

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

May 14, 2025
Фотографија: WIkipedia

Харвард ја прошири тужбата откако Трамп откажа дополнителни 450 милиони долари грантови

May 14, 2025
Фото: миа.мк/архива

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици, предметот вратен на повторно постапување

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Национална мрежа против хомофобија и трансфобија: Нашите поддржувачи во Собранието замолкнаа пред своите колеги

March 24, 2022 11:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) е сериозно загрижена за недостатокот од поддршка и вистинска заложба на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на ЛГБТИ правата (ИППГ ЛГБТИ) во процесот на усвојување на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за матична евиденција, кој беше повлечен на седница на Комисијата за политички систем. Освен јавната поддршка, посветеност и заложби на пратеничките од помалите партии, забележлив е молкот од сите други пратеници, кои се членови на оваа група, за сите прашања поврзани со правата на ЛГБТИ луѓето“, реагираат од Националната мрежа.

„Пратениците од Интерпартиската парламентарна група беа активно вклучени во подготовките на измените за овој закон, како и во процесот на влегување на овој закон во собраниска процедура. Истовремено со пратениците од Интер-групата, НМХТ преку различни активности работеше на обезбедување на сите потребни податоци и информации за правното признавање на родот, беа дискутирани и одговорени сите прашања и правни дилеми кои произлегоа од текстот на предметниот закон и беа претставени сите аргументи за реалната потреба од донесување на овие измени. Наспроти ова, на денот на седницата на комисијата за политички систем на која предлог законот требаше да биде усвоен, законот остана без никаква поддршка од пратениците од Интер-групата кои се дел од оваа комисија (дури четворица од вкупно четиринаесет пратеници). Дополнително, оваа група не даде никаква поддршка на трансродовите луѓе и законот за матична евиденција во деновите кои претходеа на неговото повлекување, а кои беа проследени со негативна кампања насочена кон трансродовите луѓе од поединци, меѓу кои и пратеници од актуелниот пратенички состав, иако ги имаше сите аргументи кои би го поддржале неговото усвојување и би ги отстраниле сите правни дилеми.

Националната мрежа, покрај работата со ИППГ ЛГБТИ, паралелно се обидуваше да ги вклучи и сите останати пратеници од парламентарниот состав со цел да ги добијат сите релевантни научни сознанија, материјали и информации од трансродовите искуства, како и да се дискутираат сите нивни прашања и дилеми. Пратениците беа канети на затворени и отворени средби, но на поканите немаше никаков одзив. Имено, на средбата одржана на 17 ноември 2021 година, во организација на Советот на Европа, а посветен на потребата од итно усвојување на предлог-законот за матична евиденција, присуствуваа само 5 од вкупно 120 пратеници кои не ни беа присутни во салата за целото времетраење на средбата. На работната средба одржана во парламентот на 3 февруари годинава, беше ставен акцент на унапредување на законската рамка, односно усвојувањето на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, кој беше во собраниска процедура и беше укажано дека во текот на февруари ќе биде ставен на дневен ред на Комисијата за политички систем, по што во процесот меѓу двете читања ќе се одржи и јавна расправа заради сензибилизирање на јавноста за оваа тема. И тогаш, како и во сите наврати изминативе години, НМХТ изрази целосна подготвеност да учествува и придонесе во процесот на сензибилизирање на јавноста, како и да биде вклучена во евентуалните амандмански интервенции на текстот. Самите пратеници, кои, меѓу другото, се припадници на политички партии и од опозицијата и од позицијата – потенцираа дека носењето на ова законско решение ќе придонесе за подостоинствен живот на трансродовите луѓе и ќе ги заштити од дискриминирачки однос на институциите кон нив.

Собранието како законодавен орган е надлежен да донесува нови и изменува и дополнува постојни закони, па поддршката од мнозинство пратеници е неопходна за подобрување на законската рамка за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Пратениците во Собранието, согласно Законот и Деловникот, имаат широко поставени можности за дејствување во насока на унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, а административно-техничката поставеност на законодавниот орган дава фактички можности за операционализација на законските и деловничките одредби. Освен законодавната надлежност, пратениците имаат и други механизми како да влијаат кон унапредување на ЛГБТИ правата, како што се пратеничките прашања, надзорните расправи, работата на собраниските комисии, основање на анкетни комисии за прашања од јавен интерес, основање на работни групи, вклучување на експерти во работата, спроведување на истражувања и анализи, но и можности за вклучување на граѓански организации и граѓани во работата на Собранието. Наспроти ова, пратениците во овој мандат немаат искористено ниту еден од овие механизми за да влијаат во унапредувањето на правата на ЛГБТИ луѓето“, , се вели во реакцијата која доаѓа по повлекувањето на Законот за матична евиденција и односот на пратениците од Интерпартиската парламентарна група за унапредување на ЛГБТИ правата кон овој предлог – закон.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ