• Latest

Симовски: По 20 години имавме успешен попис

March 30, 2022

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Симовски: По 20 години имавме успешен попис

March 30, 2022 12:15
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги претстави неколку од позначајните бројки од пописот на населението, домаќинствата и становите:

„Имам огромна чест и задоволство да објавам дека Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, вечерва, официјално, успешно заврши.

Спроведениот Попис е резултат на долгогодишна работа и труд, посветеност, стручност и професионалност, резултат на ентузијазам и  желба да се подготви, организира и спроведе оваа статистичка акција која ѝ беше неопходно потребна на нашата држава. За сето ова им упатувам искрени честитки на вработените во Државниот завод за статистика и на сите други учесници.

Ја изразувам својата огромна благодарност за огромниот труд на сите вработени во Државниот завод за статистика, Комисиите за пописните реони и до сите реонски инструктори и попишувачи, до медиумите, донаторите, државните институции,  невладините организации, агенцијата за медиумска промоција на Пописот, но, пред сè,  огромна благодарност до сите граѓани кои ја препознаа важноста на Пописот, ја остварија својата законска обврска и со попишувањето дадоа придонес за својата иднина и за иднината на своите поколенија. Затоа што, всушност, Пописот зависи од сите нас и е за сите нас.

И сега за податоците што ги прибравме во текот на попишувањето:

Со Пописот во земјата се попишани вкупно 1 832 696 лица, 568 175 домаќинства и  837 255 станови.

Со примената на комбинираниот пописен метод  и со користењето на новите техничко-технолошки алатки, се овозможи ефикасно следење на попишувањето и опфатот на единиците на попис на терен.

Изразено во бројки, тоа значи дека:

  • Од опфатените објекти за живеење,  91 % беа предмет на попис;
  • 9 % се објекти кои не беа предмет на попис;
  • Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени  по неколку пати. Онаму каде што по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани да се попишат во седиштата на општините. Оние кои и тоа не успеаја да го направат, сепак ќе бидат дел од Пописот бидејќи се очекува да ги има во некоја од базите кои ќе се користат при обработката на податоците, така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата.

Овие показатели укажуваат на фактот дека целата активност е спроведена во рамките на очекуваното особено со оглед на тоа дека 20 години немаме пописни податоци и немавме точна претстава со што ќе се соочиме на терен.

Во однос на попишувањето на дијаспората, вкупно се самопопишаа  204 805 македонски државјани и тоа најмногу од западноевропските земји, а многу помал број од  прекуокеанските земји.

Продолжуваме со следните фази: Првенствено, во Комисиите за пописните реони треба да се финализираат завршните активности (прибирање на лаптопи и останати пописни материјали и нивно враќање во Заводот),  а потоа  отпочнување на  процесот на обработка на податоците според утврдена Програма за обработка на податоците и Акциски план.

Резултатите од Пописот се очекува да се објават во рок од 6 месеци од денот на завршувањето на Пописот, односно до крајот на март следната година.

Им честитам на сите граѓани! Република Северна Македонија, после 20 години има успешен Попис!“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ