• Latest

Спасовски за ЦИВИЛ Медиа: Реформата на безбедносниот систем не беше прашање на избор, туку на опстанок

March 31, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Спасовски за ЦИВИЛ Медиа: Реформата на безбедносниот систем не беше прашање на избор, туку на опстанок

March 31, 2022 13:30
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Кога го воспоставивме концептот „Полицијата во служба на граѓаните“, како раководство на МВР тргнавме од премисата дека продлабочувањето на партнерството помеѓу граѓаните и полициските службеници, ќе произведува поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, во одржувањето на јавниот ред и мир, и во заштитата на материјалните добра“, изјави министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски на панелот на ЦИВИЛ „Безбедноста и реформите во полицијата“.

„Најнапред се претпоставуваше да се извршат коренити и системски реформи во полицијата, кои би го зголемиле нејзиниот кредибилитет кај граѓаните. На стратешко ниво реформата на безбедносниот систем, не беше прашање на избор, туку прашање на опстанок, силно изразена волја на сите општествени чинители, на јавноста, на граѓаните, конечно да се воспостават норми и концепт коишто ќе бидат и гаранција за заштитата на човековите права и слободи, но истовремено и силна брана против секакви тенденции на корумпирање на безбедноста, и против нејзино ставање во функција на злоупотребата и незаконитото работење“, посочи Спасовски.

И тој чекор го направивме со цврста одлучност да се етаблираат принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата. Примарно, во однос на реформата на оперативно рамниште, МВР имаше исклучително комплексна задача, имајќи предвид дека реформите во безбедносно-разузнавачкиот систем беа нужност и согласно Програмата за пристапување кон НАТО алијансата, но и според едно од клучните преговарачки поглавја на ЕУ – Поглавјето 24. Токму во таа насока е формирана Оперативно-техночката агенција (ОТА), како независен државен орган за следење на комуникациите и овозможување на пристап до податоци на органите овластени за следење на комуникациите.

Непосредно после ова, откако од страна на Владата беше усвоен предложениот Модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем, и Управата за безбедност и контраразузнавање излезе од органите во состав на МВР, како посебна агенција од 01.09.2019, под ингеренции на Владата. Целите и задачите на АНБ беа јасно дефинирани – без полициски овластувања, со превентивна, а не репресивна функција. Во исто време работевме на изготвување на уште едно законско решение за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, со цел да се уреди поставеноста и надлежноста помеѓу овие служби. Во овој Закон, кој беше изгласан со двотретинско мнозинство, се предвиде формирање на посебно тело за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Притоа, беше утврден прецизен делокруг на работење, состав, начин на работа и донесување одлуки, сѐ со цел спроведување на ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Исполнувањето на високите стандарди кои ги има Европската Унија во овие области налагаше да се спроведат тие тектонски промени во нашата држава, но со задоволство може да се констатира дека овие процеси се одвиваа транспарентно и со инклузивност на сите релевантни субјекти, со што се воспоставија темелите на натамошната надградба на целокупниот безбедносен систем, а за што добивме и верификацијата од Европската Комисија.

Паралелно со ова оперативно рамниште, поради прилично незавидните материјално-технички во коишто беа затекнати институциите задолжени за безбедноста, пред сѐ мислам на  полицијата, се зафативме во надминувањето на постојните и создавање нови услови за нормално функционирање на полицискиот систем, особено во поглед на крупните законски измени донесени во сферата на безбедноста. Бидејќи зошто ни се законите, доколку не се почитуваат?!

Затоа почнавме примарно со генерално подобрување на материјално техничките услови за работа, токму на оние од кои што зависи спроведувањето на законите – а тоа е полицијата. Континуирано, во овие неколку години, се планираа средства во буџетот на министерството и се инвестираше во материјално обезбедување на униформираните полициски службеници од сите организациони единици, со нова опрема и униформи кои после повеќе години ги  обновивме. Со тоа јасно дадовме до знаење дека на секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење. И дека интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без кој што е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен.       

Во насока на севкупно подобрување на професионалните услови за работа, преку правилно и планско користење на буџетот на министерството, за овие пет години беа санирани, односно делумно или целосно реконструирани 72 објекти на министерството, во сите сектори за внатрешни работи. Напоредно со ваквите активности не беа занемарени ни потребите од техничко одржување и осовременување на работата на разните организациони единици при министерството, и со редовно сервисирање на сите тековни обврски, успеавме да ги намалимет старите наследени долгови по разни основи.

Секако, тоа имаше свои позитивни ефекти во секојдневното функционирање на министерството, за што впрочем најдобро сведочи јавно презентираниот извештај на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја насловен како „Истражување на демократското полициско работење на полицијата“. Резултатите јасно укажаа дека во јавноста, меѓу граѓаните, но и во редовите на полицијата, активностите на МВР наидуваат на позитивен прием, како и концептот за воспоставување на професионална и стручна полициска служба која што примарно ќе биде реален сервис на граѓаните. Бројките се недвосмислени дека довербата на граѓаните во полицијата расте.

А параметрите укажуваат и на намалување на стапката на вкупниот криминал од година во година во споредба со претходниот период, како и зголемување на вкупната ефикасност за на полициските служби, со постигнати значајни успеси во откривање на криминалот со дрога, криумчарењето мигранти, корупцијата, економскиот криминал, откривање на криминалните групи и во безбедноста на сообраќајот, преку намалување на бројот на жртвите во сообраќајот, намалување на сообраќајните незгоди со потешки последици и намалување на вкупниот број на повредени лица.

Притоа, морам да напоменам дека напорите во насока на подинамично реформирање на министерството и негово целосно сообразување со стандардите и нормите на современите и квалитетни европски и светски полициски практики континуирано течат, а во одредени сегменти дури и се интензивираат. Имено, во процесот на редовното функционирање на МВР беа детектирани клучни прашања за кои беше оценето дека е потребна нова регулатива, односно измена на постојни законски решенија, со цел надминување на системски недостатоци и проблеми, како и обезбедување на поголема ефикасност во вршењето на надлежностите на ова министерство. Затоа се пристапи кон ревидирање на законски решенија, односно се доставија Предлог измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, кои се во собраниска процедура. Голем дел од овие прашања се на иста линија и со Препораките содржани во Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија во насока на спречување на корупцијата и промовирање на интегритетот.

Со законските измени, во насока на зајакнување на интегритет на вработените во МВР, како услов е положениот тест за интегритет, комплетна деполитизација на МВР, оперативна независност на полицијата, воспоставување на строги, објективни и професионални критериуми за именување на директор на полицијата, воведување децидна обврска за пријавување имот на вработените, како и суштинско ревидирање на постојниот систем за дисциплинска одговорност на вработените во МВР.

Затоа, со право веруваме дека во наредниот период, продолжувајќи во континуитет со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на оваа наша институција, можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето на сите организациони единици на министерството, изјави Министерот Спасовски.

Д. Тахири    

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ