• Latest
УЈП/извор МИА

УЈП: Започнува аплицирањето за финансиска помош за работодавачите за исплата на минималната плата

April 1, 2022
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

УЈП: Започнува аплицирањето за финансиска помош за работодавачите за исплата на минималната плата

April 1, 2022 11:40
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
УЈП/извор МИА

УЈП/извор МИА

Share on FacebookShare on Twitter
Од УЈП информираат дека од денеска може да се аплицира за добивање финансиска помош за исплата на минималната плата. На веб-страната на Управата , веќе е поставен софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за измена и дополнување на Законот  за минимална плата во Република Северна Македонија, („Службен весник на РСМ’’, бр.41 од 24.02.2022 година), имаат право на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за период од месец март 2022 до месец декември 2022 година.

Висината на минималната плата не може да биде пониска од 57% од висината на просечно исплатената нето плата во Република Северна Македонија за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

На работодавачот ќе му се обезбеди финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата во износ од 1.197,00 денари. Финансиската помош се обезбедува на работодавачите за работниците на кои основната плата ќе се исплати до нивото на бруто плата во износ од 26.422,00 денари.

Пресметката на износ на исплатената месечна нето плата од март до декември 2022 година, се врши за лицата кои биле во работен однос кај работодавачот во месец февруари 2022 година за вкупниот број на одработени часови (ефективни часови и надоместок на боледување на товар на работодавач), како и за ново вработените лица во месецот за кој се бара финансиска помош. Висината на платата на работникот кој работи со скратено работно време се пресметува сразмерно со бројот на остварените работни часови. Во просечниот износ на исплатената месечна нето плата за работникот, не се пресметува додатокот на плата за прекувремена работа.

Барањето за обезбедување на финансиската помош работодавачите го изразуваат преку пополнување на шифра во пресметките за плата за вработеното лице за кое бараат финансиска помош. За барање за користење на финансиска помош, внесете ја шифрата 405 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер (преземи нова верзија http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).

Работодавачот за обезбедување на финансиската помош треба да ги исполнува следните услови:

-работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице,

-работодавачот да има статус на активен обврзник, односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење, согласно со членовите 477, 477-а, 552-а и 552-б од Законот за трговските друштва,

-работодавачот да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош.

Работодавачот кој НЕ може да користи финансиска помош:

-обврзник кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници, согласно со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата,

-обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за работници, за периодот додека ја користи мерката,

-орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје,

-приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај работодавач од јавен сектор,

Во Декларацијата за прием, работодавачот кој за вработеното лице ги исполнува условите од членот 4-а од законот и условите од член 4-б став (1) алинеја 1, 2 и 3 од законот, ќе се генерира известување дека се исполнети условите од законот, за обезбедување на финансиска помош. По истекот на месецот за кој се обезбедува финансиска помош, ќе се провери дали работодавачот ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош. Доколку и овој услов е исполнет, на работодавачот ќе му се исплати финансиска помош.

Доколку работодавачот не ги исполни условите од законот, во Декларацијата за прием ќе се генерира предупредување со порака кој услов од законот работодавачот не го исполнува. Декларацијата за прием нема да биде одбиена поради предупредувањето, туку истото служи за информирање на работодавачот дека нема да следи исплата на финансиска помош.

Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува финансиската помош. Исплатата на финансиската помош се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

Работодавачот кој ќе добие финансиска помош е должен да го задржи на работа работникот за кој добива финансиска помош најмалку една година по завршувањето на помошта. Во спротивно работодавачот е должен да го врати износот на добиената финансиска помош, во рок од 30 дена од денот на одјавување на работникот за кој добивал финансиска помош, освен во случај на остварување на право на пензија, престанок на работниот однос по вина или волја на работникот или смрт на работникот.

Сите работодавачи кои ја исплатиле платата за месец 03/2022 година, а не побарале обезбедување на финансиска помош истото може да го сторат со поднесување на исправка (103) само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош. Барање за финансиска поддршка може да се поднесе само од работодавачи – правно лице или самостоен вршител на дејност, во конечна пресметка или во исправка на пресметката, односно не се опфатени аконтативни пресметки, напоменуваат од УЈП.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ