• Latest

Маричиќ-Брегу: Преку зајакнување на регионалната соработка до членство во ЕУ

April 6, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ-Брегу: Преку зајакнување на регионалната соработка до членство во ЕУ

April 6, 2022 15:29
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

Регионалната соработка во контекст на европската иднина на земјите од регионот, со посебен фокус на напредокот на Република Северна Македонија, реализацијата на европските реформи и приближувањето на земјата кон европските стандарди на патот кон полноправно членство во Унијата, беа меѓу темите кои Маричиќ и Брегу ги отворија на средбата.
„Добрата и континуирана регионална соработка е важна за нас и за нашата безбедност. Затоа потребна е синергија и заеднички проекти на кои ќе работиме заедно како партнери во исполнувањето на нашите обврски на патот кон ЕУ“, рече вицепремиерот Маричиќ.
Во оваа насока, двајцата се согласија дека е време да се видат плодовите од досегашната посветена работа и заложби на Владата за решавање на сериозни прашања преку пријателски дијалог, кои дадоа голем придонес во зајакнувањето на стабилноста на регионот. Маричиќ и Брегу потенцираа дека иднината на регионот е во ЕУ и секое одложување на почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните пред сè.
Генералната секретарка Брегу посочи дека сите активности на Советот се насочени кон просперитетот на регионот преку поврзаност на земјите од Западен Балкан и зајакната регионална соработка, и покрај дозата на неизвесност која ја предизвикува воениот конфликт во Украина посветено продолжуваат да работат кон остварување на регионалните цели.
Вицепремиерот Маричиќ и генералната секретарка Брегу ги разгледаа можностите за унапредување на соработката преку конкретни нови  проекти со Регионалниот совет за соработка, согласно планираните приоритети во овој период за реализација на европските реформи.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ