Легендарните Пинк Флојд објавија нова песна „Hey, Hey, Rise Up“ во знак на поддршка на Украина, во соработка со Андриј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“.
Покрај оригиналните членови Дејвид Гилмор (гитара/вокал) и Ник Мејсон (тапани), дел од поставата се и басистот Гај Прат и клавијатуристот Нитин Соуни, а ги придружува извонредниот вокал на Андриј Хливњук од украинскиот бенд Boombox. .
Видеото за „Hey Hey Rise Up“ е од познатиот режисер Мет Вајткрос и снимеон истиот ден кога се снимаше песната, додека Андриј пееше на екранот додека бендот свиреше.
Гилмур, кој има украинска снаа и внуци, вели:
„Ние, како и многумина, го чувствувавме гневот и фрустрацијата од овој гнасен чин на независна, мирна демократска земја која е нападната и нејзиниот народ е убиен од еден на големите светски сили“.
Целиот приход оди за украинската хуманитарна помош.
Д.Мишев