• Latest

Почнува штрајкот на СОНК, од МОН и МТСП порачуваат дека мора да продолжи воспитно-образовната и згрижувачката дејност

April 11, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Почнува штрајкот на СОНК, од МОН и МТСП порачуваат дека мора да продолжи воспитно-образовната и згрижувачката дејност

April 11, 2022 09:01
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска го почнува штрајкот во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки и во основните и средните училишта, со неизвршување на работните задачи на работното место, што според најавите ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни. Од министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, пак, посочуваат дека и во услови на штрајк училиштата и градинките мора да ја вршат својата дејност – згрижување и воспитание на децата и организирање на воспитно-образовниот процес, пренесува МИА.

Како што најави вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција, штрајкот ќе се одвива со неизвршување на работните задачи на работното место, односно штрајкувачите ќе бидат сместени во простории кои заеднички ќе ги договорат со директорите на установите и нема да ги извршуваат своите воспитно-образовни и згрижувачки дејности.

– Штрајкот ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни. Затоа апелирам до Владата што побрзо да не повика на разговори и што побрзо да најдеме взаемно прифатливо решение и да почне редовната настава. Во спротивно целата одговорност зошто учениците немаат основно загарантирано право на образование ќе падне на ресорните министерства и на Владата, рече Неделков.

 

Тој нагласи дека СОНК нема да ги затвори училиштата и градинките, но нема да изведува воспитно-образовна и згрижувачка дејност и ќе биде во штрајк, а одговорност за обезбедување минимум услови за функционирање на установите, како и за прифаќање на децата, како што кажа, ќе имаат директорите.

– Никој нема право да ги присилува штрајкувачите да прифаќаат, да згрижуваат и да воспитуваат деца. Без разлика дали некој поединечно гласал за или против поддршка на штрајкот, секој мора да штрајкува. Секој обид за оневозможување на штрајкот е сериозен прекршок кој е казнив по домашните закони. Немаме никаква одговорноста ако децата дојдат на училиште или во градинка врз основа на згрижување, воспитание, образование и храна. Ние ќе бидеме во посебни простории. За таа намена можат да се употребат вработени кои евентуално нема да штрајкуваат по разни основи, појасни Неделков.

Тој истакна дека не може да предвиди до кога ќе трае штрајкот и кога евентуално Советот на СОНК ќе донесе одлука за негов прекин или за евентуално ставање во мирување. Очекува, како што кажа, во текот на денов или најдоцна до утре да има средба со одговорните, со цел штрајкот на СОНК да не прерасне во многу поголем и масовен штрајк во државата, бидејќи, поред него, и другите грански синдикати најавуваат порадикални мерки.

 

Министерството за образование и наука (МОН) вчера порача дека основните и средните училишта и во услови на штрајкот на СОНК ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес.

– Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности, како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година, прецизира од МОН во соопштение до медиумите.

Од таму потсетија дека училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно-образовниот процес и да овозможат „продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото“.

 

И од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во пишано соопштение вчера порачаа дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја вршат својата дејност – згрижување и воспитание на децата и во деновите на штрајк.

– Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата. Согласно Законот за заштита на децата, во предучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, посочија од МТСП.

Од таму нагласија дека при остварувањето на правото на штрајк, вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

 

И премиерот Димитар Ковачевски вчера ги повика наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес.

– Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат. По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот, напиша Ковачевски на својот фејсбук-профил.

Тој во објавата посочи дека правото на штрајк е загарантирано право што во целост го почитува, но порача дека социјалниот дијалог е единствениот пат да се дојдеме до заеднички решенија, апелирајќи да не запира процесот на образование и да продолжи дијалогот за да се изнајде прифатливо решение.

– Да не оставаме празнина во образованието на децата. За сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни. Преку социјалниот дијалог постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик. Оваа Влада докажа дека има слух за барањата и не бега од решенија. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите, па така платите на наставниците кумулативно се покачени за 21 отсто во последните четири години. Но, Владата мора одговорно да го менаџира Буџетот и да се грижи за економијата. Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени, нагласи Ковачевски.

Претседателка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, пак, вчера на прес-конференција истакна дека вработените во образованието, во училиштата и во градинките, имаат со Устав загарантирано право на штрајк.

 

– Синдикатот има обврска, но и морално право да го организира штрајкот. Наставниците имаат право на нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата. Наставниците имаат право на покачување на платите согласно Колективниот договор. Тие тоа и го заслужуваат. Владата, наместо да им се заканува и врши притисоци врз нив, треба да се потруди да ги исполни нивните барања, да го исполни тоа што им следи и да го исполни тоа што го прифатила со колективните договори, рече Јаневска.

Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува вработените во образованието во нивното барање и во нивниот штрајк и оти смета дека нивните барања се оправдани и затоа не ги прифаќа образложенија од Владата дека во Буџетот нема средства.

Во реакција на нејзината прес-конференција, СДСМ повика ВМРО-ДПМНЕ да не го политизира штрајкот на СОНК и нагласи дека до решение може да се дојде само преку социјален дијалог на репрезентативните синдикати и надлежните институции. Од партијата истакнаа дека е јасна потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците.

– Во изминатите неколку години СДСМ успеа значително да ги покачи платите, со што покажа грижа и дека го вреднува трудот на работниците, на воспитувачите, наставниците. Во образованието со методолошки пристап, во изминатите три години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21 отсто, посочија од СДСМ.

 

Од владејачката партија нагласија дека наставата мора да продолжи, а преку дијалогот треба да се дојде до решение.

– Штрајкот е легитимно право на секого, но од прекинувањето на образовниот процес никој не може да има придобивка. Основните и средните училишта треба да продолжат да работат да примаат и да го организираат воспитно-образовниот процес за учениците и згрижување на децата во градинките. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Исто така, во градинките, процесот на згрижување на децата не смее да се прекинува, посочија од СДСМ.

Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери, како што се нагласува во соопштението, е преку континуираниот дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус.

 

СОНК за денеска најави генерален штрајк, откако на неколку средби со ресорните министерства и Владата не беше постигнат договор во врска со нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти.

Од Синдикатот посочуваат дека целата на ова барање е усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата во државата од 15.199 на 18.000 денари, што веќе стапи во сила.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ