• Latest

Велика Британија воведе санкции за Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ

April 11, 2022

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Велика Британија воведе санкции за Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ

April 11, 2022 16:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Велика Британија денеска објави дека воведува санкции за лидерите на босанските Срби Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ поради обидот да го поткопаат легитимитетот на Босна и Херцеговина, јави Бета.

Како што пренесува МИА., санкциите против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување, а се први во рамки на санкциите на Велика Британија кон Босна и Херцеговина, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

„Охрабрени од руското поткопување на меѓународниот систем заснован на правила, и двајцата поединци ги искористија своите позиции на авторитет за да се залагаат за де факто отцепување на Република Српска – еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина – директно прекршувајќи го уставот на земјата“, се наведува во соопштението на британското Министерство.

Велика Британија верува дека тие намерно го поткопуваат тешко стекнатиот мир во БиХ, се вели во соопштението.

Милорад Додик, се наведува во соопштението, ги предводел акциите за повлекување на Република Српска од клучните државни институции користејќи опасна, националистичка реторика на поделби, која го поткопува домашниот и регионалниот мир и поттикнува етничка омраза и негирање на геноцидот.

Жељка Цвијановиќ, пак, ја искористила својата функција во октомври 2021 година за да предложи закони во Република Српска кои бараат префрлање на државните овластувања на ниво на ентитет, таа јавно ги величеше воените злосторства и го негираше геноцидот во Сребреница.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изрази надеж дека денешното соопштение ќе ги охрабри другите земји да применат слични рестриктивни мерки, со кои ќе ги повикаат на одговорност политичарите кои имаат дестабилизирачко и опасно однесување. Како што е наведено, Британија дејствува во соработка со САД и другите партнери кои размислуваат слично.

„Овие двајца политичари намерно го поткопуваат тешко стекнатиот мир во Босна и Херцеговина. Охрабрени (од рускиот претседател Владимир Путин), нивното непромислено однесување ја загрозува стабилноста и безбедноста низ Западен Балкан“, рече Лиз Трас.

Во соопштението се заклучува дека акциите и реториката на Додик и Цвијановиќ се закануваат да го поништат 26-годишниот тешко стекнат мир и стабилност и да го поткопаат Дејтонскиот мировен договор, со кој се стави крај на непријателствата во 1995 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ