• Latest
Добро утро со Орданоски

Што ќе им е на Ковачевски и Петков „Ванчо Михајлов“ во Битола?!

April 18, 2022

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Што ќе им е на Ковачевски и Петков „Ванчо Михајлов“ во Битола?!

За споредба: што мислите, кога ќе се постигнеше Преспанскиот договор во Грција да требаше Алексис Ципрас да преговара со тамошните каракачановци, грчката „Златна зора“, за „македонското прашање“? Никогаш.

April 18, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Ќе им се направеше голема услуга на неколкуте илјади наши сограѓани Бугари кои живеат во Македонија доколку државата, сепак, не се согласеше да даде дозвола за отворање на бугарскиот „културен“ центар во Битола што го носи името на Ванчо Михајлов. Покојниот е еден од историски најдобро документираните организатори на убиства на Македонци и Бугари пред и за време на Втората светска војна, а во неговото политичко делување нема ништо контроверзно: тој е високо рангиран балкански фашист од насоката големобугарска идеологија, поддржана директно од Хитлер и неговите фашистички соработници во тогашна Софија. Што се виновни сите Бугари во Македонија, едно од најмалите етнички малцинства во земјава, да ја носат врз себе општествената стигма на овој „културен“ центар во Битола, востановен од страна на антимакедонските активисти на големобугарската идеологија во Македонија? Тие „рестлови“ од сите можни вмровски (и дпмнеовски) историски и актуелни „инсталации“ и денеска не се на чисто точно за која канцеларија, една или повеќе, од регионалните тајни служби работат…

Ќе му направевме голема услуга и на бугарскиот премиер Кирил Петков и на неговата демократска и проевропска идеолошка ориентација во актуелната Бугарска влада доколку македонската држава не го дозволеше отворањето на овој центар во Битола под тоа име. Балканските национал-шовинисти како Каракачанов, Радев и Захариева, на пример, се едно исклучително простачко друштво кога се овој вид на политички провокации во прашање. Можеби треба да се очекува Бугарија да побара и во „механизмот“ на историската комисија која се обидува да ги усогласи позициите меѓу двете страни во разговорите да се постави прашањето и за Ванчо Михајлов?! Со согласноста за отворање на центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола Македонската влада не е поблиску до наоѓањето компромис за укинување на бугарското вето за ЕУ, туку ги слабее и онака проблематичните позиции по прашањето за Македонија и ЕУ на Петков во Бугарија.

За споредба: што мислите, кога ќе се постигнеше Преспанскиот договор во Грција да требаше Алексис Ципрас да преговара со тамошните каракачановци, грчката „Златна зора“, за „македонското прашање“? Никогаш.

Конечно, и самиот актуелен македонски премиер Ковачевски си направи не мала контрауслуга за сопствените политички позиции во Македонија правејќи ја оваа отстапка во корист на штетата на Петков. Се добива впечаток дека Ковачевски кон Петков го „копира“ односот на Заев кон Борисов, обидувајќи се на својот бугарски колега да му обезбеди поголем маневарски простор за симнување на бугарското евро-интегративно вето за нас, но знаеме како заврши тоа за политичките кариери на Заев и Борисов, а и за ставот на Бугарија во однос на ветото.

Се разбира, центарот во Битола нема никакво друго „двигателно“ политичко или културно значење, освен симболичното на ниво на приземните бугарски провокации во земјава. Оној дел од власта во Софија кој мислеше дека со политиката на форсирано издавање на стотина илјади бугарски пасоши на Македонците „механички“ ќе им ја промени етничката самосвест, во таквата намера излезе „дебело“ поразен и во тукашниот попис и на тамошните парламентарни избори, а големината на бројката на тие „штанцани“ пасоши може допрва, во годините што доаѓаат, да создаде непредвидливи внатрешно-политички проблеми во самата Бугарија. Овој центар во Битола е со уште помал потенцијал за некакво бугарско „освестување“ на Македонците, а само ќе ја искомплицира општествената положба на неколкуте илјади овдешни наши сограѓани, Бугари.

Македонскиот прогрес кон Европа е во „нозете“ на бугарската политика: тие или ќе ја надминат својата државна тесноградост кон нас или нема. Таман работа ако треба „повампирувањето“ на ликот и делото на Ванчо Михајлов – и тоа под „палката“ на Ковачевски и Петков – да биде пресуден за тоа.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ