• Latest

Димовски: Штрајкот не е квиз во кој Владата е банкарот, а Јаким како Лила може да вика понудата важи или не важи

April 21, 2022
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Димовски: Штрајкот не е квиз во кој Владата е банкарот, а Јаким како Лила може да вика понудата важи или не важи

April 21, 2022 12:20
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски , во денешниот Утрински брифинг се осврна на генералниот штрајк на СОНК во образованието и за преговорите со Владата кои ги води Јаким Неделков и раководството на СОНК при КСС за повисоки плати на просветните работници и персоналот во детските градинки.

-Синдикатите се актуелни на медиумската сцена, но има и причина за тоа, причината се кризите што се случуваат, а највеќе не погоди оваа воена криза. Навистина во овој момент треба да се помогне на работниците за да ја пребродат оваа хиперинфлација што ни се случува и недостатокот на прехранбени продукти. Секој има право да го оствари штрајкот но мора да кажам – штрајкот не е авантура, она што ќе го ветиш пред работниците како прв синдикалец, без разлика на која гранка припаѓаш треба да го исполниш. Тоа ветување да го базираш врз основа на закони, колективни договори и кога ќе го поведеш членството во штрајк да останеш доследен синдикален лидер и да не се пазариш, туку доследно да ги применуваш законите и колективните договори, односно одредбите кои се пропишани во нив, изјави во Утрински брифинг Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Тој говореше и за поддршката која ССМ му ја даде на СОНК во однос на генералниот штрајк во образованието.

-Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка, но тоа се беше до вчера. Вчера воопшто не ми се допадна излагањето на претседателот на СОНК Јаким Неделков, затоа што сметам дека мораше да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, говорам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра за време на штрајк. СОНК на чело со Јаким Неделков штрајкот го организира по основ на зголемувањето на минималната плата т.е нејзино усогласување. Ако СОНК штрајкува по Закон и ако му се прекршени правата по Закон, тоа не е така. Законот вели – шест месеци има време, согласно членот од Законот за минимална плата, Владата и работодавачот да ја усогласат минималната плата или скалесто да се зголеми. Ние сме се согласиле така по Колективните договори. Потребата да се случи промената ден побрзо, сега и веднаш е неопходно и за тоа ние му дадовме поддршка, вели Димовски.

Од друга страна, вели Димовски Колективниот договор се усогласува еднаш годишно и може до 30.12 тој Колективен да се усогласи согласно порастот на минималната плата.

Не се работи за нарушување на правата туку за унапредување и според тоа ќе падне на синдикатот да ги исплати платите на работниците кои штрајкуваат, веќе предупредија од МТСП и МОН.

-Јас да бев Јаким Неделков и ССМ ние ќе штрајкувавме од 1. септември кога ќе беше последниот рок за скалесто усогласување на сите останати плати, вели Димовски.

ССМ, како што информираше Димовски од денеска бара средба со владата и со вицепремиерот Фатмир Битиќи кој е назначен за преговори со групата за општиот колективен договор за јавниот сектор.

-Ние немаме 6 месеци за чекање и 2806 денари за линеарно покачување на сите вработени во јавниот сектор и тоа ќе го зафати и образованието, полицијата, војската, администрацијата и целиот јавен сектор. Ние ќе преговараме за нешто што сме ветиле, а бидејќи Јаким Неделков вети 18,4 проценти и сега при секое излегување од влада вели очекуваме добра понуда. Другари, што правиме ние, преговараме согласно закон и ги туркаме луѓето во штрајк за 18,4 и чекаме од влада понуда. Па што е ова, квизот на Лила Филиповска, банкарот е Владата, а Јаким Неделков е Лила Филиповска и ќе вика понудата важи или не важи. Дајте малце сериозно. Велам штрајкот не е авантура, трпат работниците, кај се мали платите во образованието и сега владата да им плати само придонеси. Да се свестиме и да знаеме кој  ни го води штрајкот, а не да слушаме само критики врз ССМ кој ја збори вистината, дециден е Димовски.

ССМ за 1. мај организира традиционален протест за работничките права и ги продолжува преговорите со владата за линерано усогласување на платите во јавниот сектор.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ