• Latest
Фото: Alexander Zemlianichenko/AP

Фашистите на Путин: Долгата историја на руската држава во одгледување домашни неонацисти

April 21, 2022

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Фашистите на Путин: Долгата историја на руската држава во одгледување домашни неонацисти

April 21, 2022 14:45
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Alexander Zemlianichenko/AP

Фото: Alexander Zemlianichenko/AP

Share on FacebookShare on Twitter

Многу коментатори веќе го отфрлија апсурдното тврдење на рускиот претседател Владимир Путин дека води „воена операција“ за да ја „денацифицира“ Украина.

Од почетокот на војната, во руските медиуми немало ден кога нацизмот или Нацистите не се споменати во најмалку 17 вести во контекст на оправдување на „воената интервенција“ на „руските мировници“ за „денацификација“ на Украина. Некогаш имаше по 73 вести во 9 истакнати руски медиуми дневно. За споредба: на  Меѓународниот Денот на холокаустот (27 јануари) во Русија имаше објавенао само 23 вести, каде што беа споменати нацистите. Тезата за „борбата против украинскиот нацизам“ во информативниот простор на Руската Федерација почна уште поактивно да се развива со почетокот на руската воената инвазија врз Украина..

Некои аналитичари истакнаа дека екстремната десница добила само 2 отсто од гласовите на парламентарните избори во Украина во 2019 година, многу помалку отколку во поголемиот дел од Европа. Други го насочија вниманието на еврејскиот претседател на Украина, Володимир Зеленски, и на напорите на украинската држава да ги заштити малцинствата како Кримските Татари и ЛГБТКју+ луѓето, кои се предмет на брутален прогон во Русија, пишува  The Conversation.

Она што доби помалку покриеност е досието на режимот на Путин за соработка со крајнодесничарските екстремисти. И покрај тоа што руските дипломати ги осудуваа „фашистите“ во балтичките земји и пропагандистите на Кремљ се бунеа против имагинарните „Укронаци“ на власт во Киев, руската држава негуваше свои домашни нацисти.

Корените на неонацизмот во Путинова Русија

Потеклото на оваа врска датира од доцните 1990-ти, кога Русија беше потресена од бран на расистичко насилство извршено од неонацистички скинхед банди. По пристапувањето на Путин на претседателската функција во 2000 година, неговиот режим го искористи овој развој на два начина.

-Прво, ја искористи неонацистичката закана за да го оправда усвојувањето на анти-екстремистичката легислатива, долгогодишно барање на некои руски либерали. На крајот, оваа легислатива ќе се користи за гонење на руските демократи.

-Второ, Кремљ започна „управен национализам“, обид да ги кооптира и мобилизира радикалните националистички милитанти, вклучително и неонацистите, како противтежа на новата анти-Путин коалиција на демократи и левичарски радикали.

„Moving Together“, про-Путин младинска организација озлогласена по својата кампања против постмодернистичката литература, го направи првиот чекор посегнувајќи до „ОБ88“, најмоќната скинхед банда во Русија.

Оваа соработка се прошири после Портокаловата револуција во Украина во 2004 година. За да ја изолира Русија од заразата на продемократските протести, Кремљ го трансформираше „Moving Together“ во поамбициозен проект наречен „Наши“.

Како дел од подготовките за соочување со потенцијалното демократско востание во Русија, „Наши“ ангажираше членови на фудбалски банди, чија субкултура се преклопуваше со неонацистичкото подземје.

Во текот на 2005 година, насилниците на „Наши“ организираа серија рации на младински групи кои беа против Путин. Најжестокиот напад, кој остави четворица левичарски активисти во болница, доведе до апсење на напаѓачите. Тие беа ослободени по посетата на полициската станица од Никита Иванов, функционер во Кремљ кој ги надгледуваше лојалистичките младински организации на режимот.

Тоа резултираше со скандал кој предизвика реконфигурација на „управуваниот национализам“. Додека „Наши“ се дистанцираше од фудбалските банди, неговите радикални милитанти мигрираа во две ривалски полномошници во Кремљ, националистичката група „Млада Русија“ и антиимиграциската група „Локали“. Овие организации станаа мостови помеѓу неонацистичката субкултура и Кремљ.

Членовите на про-Кремљ движењето Наши ја прославуваат победата на партијата на Путин на парламентарните избори во 2007 година. MISHA JAPARIDZE/AP

Руските неонацистички лидери вмешани во убиства

Како што покажа една неодамнешна студија за односите на Кремљ со руските фашисти, овие врски овозможија храбар експеримент за создавање на про-Путин неонацистичко движење.

Во 2008-09 година, Кремљ беше загрозен од напорите на рускиот опозициски активист Алексеј Навални да изгради антипутин коалиција на демократи и радикални националисти во Русија. Како одговор на тоа, Кремљ почна да работи со Руски Образ („Руска слика“ или скратено „РО“), хардкор неонацистичка група најпозната по своето неформално списание и  бенд „Кука од десно“.

Со помош на надзорниците на Кремљ, РО ги нападна националистите кои ја напуштаа скинхедската субкултура за коалицијата на Навални против Путин. За возврат, РО доби привилегиран пристап до јавниот простор и медиумите.

Нејзините водачи одржаа телевизиски јавни дискусии со државните функционери и отворено соработуваа со Максим Мишченко, член на парламентот од владејачката партија. Можеби најшокантно, РО, исто така, беше домаќин на концертот на озлогласениот неонацистички бенд Коловрат на плоштадот Болотнаја во Москва, во близина на Кремљ.

Проблемот за Кремљ беше лидерот на РО, Илја Горјачев,  жесток поддржувач на неонацистичкото подземје, скинхедси кои извршија стотици расистички убиства во втората половина на 2000-тите. Властите ги затворија очите пред продукцијата на РО на двочасовниот интернет „документарец“ насловен „Руски отпор“, кој ги прослави овие убијци како патриотски херои и повика на вооружена борба против режимот.

Russian Ultranationalist Ilya Goryachev, Leader of BORN, Sentenced to Life Imprisonment http://t.co/LaZNtkb5GA pic.twitter.com/WolL6CMEUT

— The Interpreter (@Interpreter_Mag) July 24, 2015

Но, тие не можеа да го игнорираат апсењето под обвинение за убиство на Никита Тихонов, поранешен скинхед и коосновач на РО. Тихонов беше водач на БОРН („Борбената организација на руските националисти“), терористичка група која изврши низа убиства на јавни личности и антифа милитанти.

Меѓу жртвите се познатиот адвокат за човекови права Станислав Маркелов и новинарката Анастасија Бабурова. Тихонов беше осуден за нивните убиства во 2011 година.

Полициската истрага откри дека Горјачев ги сметал БОРН и РО како вооружени и политички платформи на неонацистички бунт, по моделот на ИРА и Шин Феин во Ирска и Северна Ирска.

Судските материјали покажуваат дека додека Горјачев им известувал на своите претпоставени во Кремљ, тој исто така го советувал Тихонов за изборот на жртвите на убиството. Горјачев беше прогласен за виновен во 2015 година дека наредил убиства на многу луѓе, меѓу кои и Маркелов.

Неповолниот публицитет ги уништи кариерите на некои од нацистичките промотори на Кремљ, но ветераните на РО цветаа во пропагандните институции на се поавтократскиот режим на Путин.

Една од нив е Ана Трига, која работеше за Агенцијата за истражување на Интернет, фабриката за тролање која се вмеша во претседателските избори во САД во 2016 година и се обиде да поттикне антимуслиманска омраза во Австралија. Друг е Андреј Гулутин, уредник на веб-страницата Ридус, важна платформа на рускиот национализам про-Путин.

This is significant. Anna Bogacheva, on the US sanctions list for running Prigozhin’s troll factory in St Petersburg, was previously linked to the neo-nazi group Russky Obraz, the political wing of the murderous group known as BORN.https://t.co/4e6up2xGED

— Leonid Ragozin (@leonidragozin) October 3, 2019

Промовирање на неонацисти во странство

Не помалку важна е улогата на неонацистите и другите десничарски фигури во нападот на Русија против Украина.

Во 2014 година, Александар Матјушин од РО помогна да се тероризираат приврзаниците на украинската држава во Доњецк во пресрет на прокси-војната на Русија во источна Украина. Тој стана главен теренски командант.

Денес, Дмитриј Стешин од РО, прославен воен дописник за најтиражните руските таблоиди , шири лаги обвинувајќи ги украинските операции со „лажни знамиња“ за злосторства извршени од руските сили.

The racist trolling piece circulated by RT’s Simonyan was originally penned by Dmitry Steshin of KP, a pro-Kremlin tabloid. Steshin was a friend of Nikita Tikhonov, the leader of BORN, a neo-nazi gang responsible for the murders of migrants and antifa.https://t.co/IHHxOwSrUk

— Leonid Ragozin (@leonidragozin) June 2, 2020

Одгледувањето домашни неонацисти во Кремљ се совпаѓа со неговата промоција на неонацисти на Запад. Некои ги зајакнаа антизападните теории на заговор како „експерти“ на РТ, пропагандниот канал на кабловска телевизија на Кремљ.

Други му служеа на Кремљ како „монитори“ кои го поздравуваат спроведувањето на фалсификуваните избори. Во меѓувреме, Риналдо Назаро, Американец, тивко ја води Базата, меѓународната неонацистичка терористичка организација, од стан во Санкт Петербург.

Вооружувањето на неонацистите од Путин секогаш беше ризична стратегија, но не беше ирационална. За разлика од главните националисти, кои имаат тенденција да ја поддржуваат идејата за слободни избори, неонацистите ги отфрлаат демократските институции и самата идеја за човечка еднаквост. За диктаторот кој ја урива демократијата и конструира авторитарен режим, тие се идеални соучесници.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ