• Latest

Први мај е први април за работничката класа

May 1, 2022

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Први мај е први април за работничката класа

Кога празникот се славеше два дена изворот на реални задоволства за работниците беше вториот ден - распален оган и месо на жар. Првиот ден добиваа само ветувања. Денес празникот е еднодневен и оттаму ја изгуби политичката конотација

May 1, 2022 15:49
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Последен пат бев на вистински првомајски протест во 2015 година. Беше импресивно. Заеднички го организираа само некои грански синдикати во рамките на ССМ, се сеќавам на УПОЗ, да речеме, но доста протестанти донесе тогаш полетната Левица, онаа истата чии печати ги открадна оној денешниот класичен десничар и неколку лица околу него. Масовноста всушност ја обезбеди владината политика која своето антиработништво го манифестираше со скапо платените огласи во медиумите во светот од типот „дојдете кај нас, ние имаме најниски плати во светот!“.

Фактот дека на овој начин премиерот Груевски ја искажуваше својата привлечност за инвеститорите секако даваше доволно простор за домашните газди да им го скусат гурбетот на македонските работници.

Како пример можеме да го покажеме доаѓањето на германскиот „Дрекселмаер“ во Кавадарци во 2012 година, до која дојде низ фактот дека германскиот гигант набрзина го напушти капацитетот во Тунис, после т.н. арапска пролет. Мотив – се бараше соодветно место каде платите се најблиски до оние африканските!? Околу оваа фирма која вработи над 4.000 работници, имаше многу реакции. Таму и покрај фактот дека платите ги исплатуваше државата (!) тие беа изразито ниски, просто незамисливи за било која фирми во северната хемисфера! На пример, заменик на генералниот директор (инаку на таа функција беше некогашниот директор на Фондот за здравство) земеше плата со вредност од 8.000 денари! Барем на толку беше пријавен. Работниците немаа никаква заштита на работните места, се возеа од работа до дома и назад натискани во автобуси така што не можеа да дишат (работниците  доаѓаа и од Прилеп и Велес) а не дај боже да се повредеа на работно место или да прашаа за тоа кое им е работното време.

Она што тогаш веќе се нарекуваше „мека диктатура“ значеше буквална стравовлада кога се работеше и за работните односи. Додека политичкиот врв трупаше богатства како да сме во државата на Папа Док или некоја слична современа султанија (а денес со тие така заработени пари дури си ги купува и годините пресметан затвор или се ужива во егзил во странство!) странците беа мамени да дојдат кај нас и да применат најлоша форма на експлоатација, а работниците згора треба да сметаат дека се вработени преку партиска протекција. И со тоа им се залепуваше устата за било каков вид на протест.

На шведската маса на привилегиите на милијардерскиот врв (во евра) кај нас лежеше и синдикалната молчаливост. Таканаречениот претседател на ССМ, Живко Митревски, вистински сатрап врз работничките права Едноставно беше „пипало“ на таа диктатура. Со помош на судовите и најмените бодигарди тој дури и ги избрка своите колеги (гранските синдикати) од Работничкиот дом, па тие заминаа да бидат „кираџии“.

Цели седум години Митревски го претвори Домот во свој замок, а беше променет дури по смената на власта, во 2017 година, иако се чинеше дека има кругови кои би го поддржувале. Колку Митревски беше „мек стомак“ за мерките на економската политика на власта, ССМ даде целосна поддршка за промените во законот кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе на почетокот на 2015 година со цел и хонорарците да плаќаат придонеси. Таа мерка доживеа тотален дебакл, двата месеца додека се спроведуваше настана хаос во системот, се водеа жестоки протести, за потоа Владата да се повлече целосно..

При тоа, јасно, овој Закон немаше поддршка и од другите синдикати (оние пајтон друштва) и стана дел од отпорот на шарената револуција, бидејќи, ги погоди токму оние наши сограѓани кои ја сочинуваат работничката класа на современието и кои се означуваат лица кои немаат постојан извор на приходи (некој вид на полу – лумпен пролетеријат), кои се главно млади, образовани и живеат од повремени хонорари. За таа класа постои и посебно име – прекаријат и тоа е секако посебна тема, но тогаш го покажа за прв пат своето обединување.

Генерално, протестите на работниците се јавувале само тогаш кога тие беа во функција на „најнародната партија“, за потоа, неофицијално, да бидат забранети. Утешно е секако што прославите на Први мај во историјата најчесто биле дел од една номенклатура на политиката која ветува, па се создаде и еден афоризам (во екс-Југославија) дека Први мај е први април на работничката класа. Ветувања, ветувања, ветувања… Па затоа оние во сини јакни повеќе уживаа во вртењето на ражните на втори мај отколку во денот на говорите за нивните права. Враќањето на либерализмот кај доведе до тоа од 2007 година (на стартот на владеењето на Груевски) да биде укинат. Така излетите ја истуркаа политичката нота и се претворија само во празник на умерениот хедонизам, доколку времето биде убаво.

Сепак, за тоа кој колку исполнува од ветувањата, при промените на врвот на државата кај нас, покажува движењето на минималната плата, според внимателните статистичари:

– работници во 2015 година го прославиле 1 Мај со 8.050 денари минимална плата;

– работници во 2017 година го прославиле 1 Мај со 9.000 денари минимална плата;

– работници во 2019 година го прославиле 1 Мај со 12.000 денари минимална плата;

– работници во 2020 година го прославиле 1 Мај со 14.500 денари минимална плата;

– работниците во 2022 година го прославуваат 1 Мај со 18.000 денари минимална плата.

За потсетување, кога новиот премиер Љубчо Георгиевски дојде во ССМ во 1998 година, се водеше дијалог за тоа најниската плата да биде 150 германски марки или 75 денешни евра.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ