Претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ при неговата денешна посета на Вуковар, изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина, пренесува Јутарњи лист.
„На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој ќе биде за“, рече Милановиќ.
Милановиќ за објавата на поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев на Телеграм, каде напиша дека на Милановиќ му се заканува одмазда од Киев за неговите изјави и ставови за Русија и Украина, изјави дека не е на страната на Русија.
„Русите ја играат својата игра, тие се агресорот во оваа војна, а ние имаме клика на власт која активно работи против интересите на хрватскиот народ во БиХ. Се заколнав на нивна заштита и ќе умрам политички ако треба. “, рече тој, да не се плашиме од Русија или Украина.
Милановиќ вели дека „не сака да биде закачен на такви куки“.
-Јас сум на хрватска страна, не третираат како будали, тоа богохулно го поддржува Пленковиќ. Јас и Пленковиќ не сме иста димензија и не мислам дека сум повисок или понизок, рече тој и додаде дека не се плаши ниту од Русија, ниту од Украина.
Милановиќ изјави дека не му бил ниту непријател, ниту ривал на хрватскиот премиер.
Подготви: Д.Мишев