• Latest

Спасовски: Состојбата во Украина дополнително ја стимулира потребата за одржување на цврста соработка со земјите од регионот

May 4, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Состојбата во Украина дополнително ја стимулира потребата за одржување на цврста соработка со земјите од регионот

May 4, 2022 11:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Новонастанатите состојби во Украина, дополнително ги стимулираат и потребите за одржување на цврста меѓународна соработка со земјите од регионот, поради што Република Северна Македонија активно е вклучена и ги поддржува сите меѓународни иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат соработката и безбедноста во регионот, вклучувајќи ја и безбедноста на целиот Европски континент“, порача министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски на почетокот на неговото обраќање за време на конференцијата на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, што се одржува во Атина, во рамките на грчкото претседателство, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот се осврна на влијанието и последиците од руската инвазија во Украина, потенцираше дека како и останатите држави така и Република Северна Македонија не е во целост имуна на влијанието на војната во Украина, „но во овој момент ефектите се главно индиректни и не може да се споредат со оние во некои земји членки на ЕУ како гранични држави“.

„Во моментов, состојбата ja следиме преку размена на оперативни и стратешки информации најчесто преку каналот на ЕВРОПОЛ. Како рефлексија на војната во Украина зголемени се ризиците во области за кои постои потреба од засилена соработка и тоа во борбата против трговија со луѓе, каде најранлива категорија се жените и децата; зголемено делување на разни радикални и екстремистички групи би можеле да ја радикализираат состојбата или да создаваат тензии преку повици на насилни протести и демонстрации, закани и напади врз одредени лица (домашни и странски државјани и претставници) или други етнички групи; перење на пари преку пренос на пари во готовина, отворање на нерезидентни сметки и криптовалути и закани од криминални групи со висок ризик“, истакна министерот.

Ги спомена и мерките што Северна Македонија ги презема на национално ниво, објаснувајќи дека од првиот ден на воената агресија во Украина, „отпочнавме со соодветни процеси со цел управување на можниот мигрантски бран од Украина и заштита на лицата кои бегајќи од воените дејствија доаѓаат во Република Северна Македонија и кои немаат можност да се вратат во својата земја“.

Објасни дека мерките и одлуките на Владата не се однесуваат само на лицата кои остваруваат влез и излез на државната граница, туку и на оние кои престојуваат во државата, а за сите државјани на Украина олеснети се процедурите за да можат да поднесат индивидуални барања за признавање право на азил во државата, да побараат регулирање на нивниот престој на основа на хуманитарни причини,  а може да им се обезбеди и привремена заштита.

 

Во обраќањето на министерската конференција објасни дека „безбедноста останува еден од најзначајните параметри за мерење на европската перспектива на земјите од регионот на Југоисточна Европа“.

Министерот истакна дека денес, во услови на динамично живеење, кога на безбедноста се гледа и од воен аспект, имајќи ги предвид странските воени закани и новите облици на загрозување на безбедноста, „исправени сме пред нималку лесна задача –потреба од редефинирање и зајакнување на регионалната соработка, а во исто време водејќи сметка да не се намали ефикасноста на борбата против организираниот криминал, илегалниот миграциски екстремизам и тероризам и трговијата со луѓе. Тоа мораме да го направиме, тоа е во наш интерес“.

„Европските искуства говорат дека најдобар начин за постигнување на овие цели е да се воспостават ефикасни добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка на земјите од Југоисточна Европа. Согласно стратешките интереси за идно полноправно членство во ЕУ и исполнувањето на основните предуслови, Република Северна Македонија ги прифаќа и ги спроведува неопходните чекори на својот европски пат“, рече Спасовски.

Објасни дека заради просперитет на регионот „соработката треба да ја разбереме најнапред како сопствена внатрешна потреба“, но и дека самиот тип на нови закани „поуспешно може да се совлада или барем да се намали доколку соработката се остварува преку членство или во содејство со  колек тивните безбедносни системи“.

„Состојбата бара целосна посветеност и будност на сите институции на системот, бидејќи ризиците со кои се соочуваат државите и нивната ранливост се нова можност особено за современите закани како што се организираниот криминал и тероризмот. Организираниот криминал најмногу преку инфилтрација на криминално стекнатиот капитал и коруптивните активности, а тероризмот преку дополнително креирање на страв и паника ја поттикнуваат и ја зголемуваат недовербата на граѓаните во институциите“, порача министерот.

На крајот од обраќањето изрази длабоко уверување дека состанокот на министрите за внатрешни работи „ќе создаде можности за нови перспективи и форми на заедничка соработка со единствена цел зајакнување на безбедноста не само во регионот на ЈИЕ, туку и низ цела Европа“.

Министерот Спасовски, на покана на министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос денеска во Атина учествува на  Министерска конференција во рамки на претседавањето на Грција со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) – 2021-2022 година.

 

Во рамки на оваа иницијатива за регионална соработка каде покрај Република Северна Македонија членуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија , Романија, Србија, Турција, Хрватска , Црна Гора   Словенија  и Косово, приоритети  на грчкото претседавање со оваа иницијатива се: унапредување на безбедносната соработка; размена на најдобри практики за функционални демократски институции, владеење на правото и човековите права, особено во контекст на европската перспектива на регионот на ЈИЕ; поврзување и одржлив развој;  соработка на полето на инвестиции, конкурентност и мобилност; решавање на грижите за животната средина, промоција на одржлив, правичен и зелен раст; осврт на пандемијата COVID-19 и нејзините социоекономски реперкусии.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ