• Latest

Ден на македонскиот јазик

May 5, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ден на македонскиот јазик

May 5, 2022 10:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со неколку настани денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, кој беше прогласен во 2019 година со одлука на Владата.

На овој ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

-Од тој момент, македонската азбука и правопис почнуваат да се користат во практиката и се впрегнуваат во секојдневната јазична употреба од сите сфери на животот. Тестот на писмената практика – македонскиот јазик го положува со највисока оцена. Доказ за тоа се илјадниците дела напишани на македонски јазик со македонска азбука и правопис: и тоа од уметничка литература до врвни научни дела, од разговорен јазик до јазик на општеството, просветата, културата и медиумите, соопшти Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

По повод 5 Мај, Катедрата нагласува дека повеќе од седум децении македонскиот јазик е признат член на светското јазично семејство, на чие истражување работат не само македонските туку и голем број познати странски научници.

-Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Круната на неговата кодификација е 5 мај 1945, денот што денес го прославуваме. Иако  првпат е прогласен за службен јазик во нашата држава на 2 август 1944, на Првото заседание на АСНОМ, континуитетот во развојот на македонскиот јазик го следиме уште од X-XI век, кога во црковнословенските ракописи се појавуваат првите типично македонски зборови. Тој развој продолжува низ вековите, со засилено навлегување на македонскиот народен јазик во ракописите од крајот на XVI век. Во XIX век веќе се појавува и јасна свест за посебноста на македонскиот јазик и за неговото место во јазичното семејство на светот, свест што кулминира во делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, објавено во 1903 година, посочува Катедрата за македонски јазик.

Оваа година одбележувањето на Денот на македонскиот јазик за Катедрата има посебно значење зашто по 30 години двете македонистички катедри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ги допрецизираа и ги сменија своите називи: Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици се преименува во Катедра за македонски јазик, а Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности во Катедра за македонска книжевност и култура.

-Со овој чекор комплетно се заокружува македонистиката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес им оддаваме почит на сите луѓе, овде и во светот, кои со почит и со љубов се однесуваат кон македонскиот јазик. Денес им оддаваме почит и на сите лингвисти и македонисти што се грижат за унапредување на македонистиката како наука за нашето најголемо, културно и духовно богатство – македонскиот јазик, но и се обврзуваме и понатаму да го чуваме, негуваме, да го афирмираме и да го развиваме како најважен столб на нашиот идентитет и најскапоцено наследство за идните генерации, наведува Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за Денот на македонскиот јазик денеска ќе организира настан на кој гости ќе бидат студентите по македонски јазик и македонска книжевност од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од Универзитетот во Тетово, како и учениците од СУГС „Никола Карев“ – Скопје. Излагање на тема „Местото на македонскиот јазик во балканскиот јазичен простор“ ќе има проф. д-р Веселинка Лаброска, а избрани извадоци од македонската литература ќе чита актерот Васил Зафирчев.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, пак,  ќе го организира настанот „Лексикографски факти во НУБ – од  Пулевски до денес!“ Лексикографскиот развој на македонската авторско-истражувачка  и издавачка  продукција ќе биде претставена преку изложба на речници од
Пулевски до денес.

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ исто така денеска ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик, а издавачката куќа ,,Арс Ламина“ на Саемот на книгата ќе организира промотивен настан „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” – осврт на најзначајните творци на македонската книжевност, меѓу кои Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ