• Latest

Ковачевски: На 9 Мај гордо ги славиме победата над фашизмот и големата идеја за Европа

May 9, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: На 9 Мај гордо ги славиме победата над фашизмот и големата идеја за Европа

May 9, 2022 13:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски се обрати на свеченоста по повод 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, што се одржа во дворот на Владата, соопштуваат од Владата.

Пригодната свеченост по повод 9 Мај, започна со положување венци свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ за чествувањето на празниците – Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа, како два историски настани кои се вградени во битието на Република Северна Македонија и кои граѓаните на нашата земја, заедно со народите на нашите сојузнички и партнерски држави во НАТО и ЕУ ги славиме како заеднички вредности.

На свеченоста пред Владата свои обраќања имаа и претседателот на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија д-р Никола Стојановски, амбасадорката на Соединетите Американски Држави  Кејт Мери Брнз и амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир.

Денеска одбележуваме и славиме голем ден – 9 Мај, како Ден на победата над фашизмот и како Ден на Европа. 9 Мај е еден датум за два големи настани во историјата на Европа и на нашата земја. Денешниот ден е запишан со златни букви во историјата на напредна Европа и на Европејците, го запошна своето обраќање премиерот Димитар Ковачевски.

Тој истакна дека ова е ден кога ги чествуваме и се поклонуваме пред големото дело на припадниците на партизанските единици од Народно ослободителната војна кои со двете заседанија на АСНОМ ја заокружија вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава. Дело кое денес го славиме како наша заедничка победа со сојузничките сили над фашизмот и со прогресивните народи на Европа и на Соединетите Американски држави.

Премиерот Ковачевски посочи дека Втората светска војна на територијата на Македонија заврши со околу 25.000 загинати борци и други жртви.

Нашите сограѓани од тоа време, припадници на сите етнички заедници, ги дадоа своите животи затоа што избраа да застанат на страната на сојузничките, антифашистички сили, кои решија да се обединат и да им застанат на патот на фашистичките окупатори, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека од денешен аспект, од огромно историско значење е што создавањето на македонската држава се оствари и низ учеството на партизанските единици на страната на антифашистичкиот сојуз. Тоа учество беше и останува вистинската страна на историјата и единствениот и вистински избор.

Во своето обраќање, премиерот Ковачевски потсети дека изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата. Дом на слободата за сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите. Дом каков што е денеска Европската Унија, како што е напредна и прогресивна Европа.

Затоа денеска имаме силни, големи причини да славиме и да бидеме дел од прославите ширум Европа. Да ја славиме победата над фашизмот и да ја славиме големата идеја за Европа, рече Ковачевски. Затоа 9 Мај е ден кога чествуваме и еден друг историски настан вграден во темелите на повоената историја на Европа.

Ковачевски се осврна на фактот дека денеска одбележуваме 72 години од денот кога на 9-ти мај 1950 година, после двете катастрофални светски војни што ја фрлија Европа на колена и фашизмот кој го згрози човештвото, францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повика да започне изградбата на нова Европа. Чувствувајќи одговорност за важноста каква иднина ќе им обезбедат на своите граѓани, европските земји коишто го прифатија овој повик, прифатија и дека споделуваат заедничка историја и влегоа во решавање на разликите меѓу себе. Седум години подоцна, шест европски земји ја основаа Европската економска заедница со Договорот од Рим и го отпочнаа процесот на европската интеграција кој ќе биде крунисан со она што денеска претставува Европската Унија.

Премиерот истакна дека Европа денес не е само географија. ЕУ не се само институциите во Брисел и Стразбур. Европа и Европската Унија се концепт кој е заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, за пазарна економија, како и за остварување на фер економски можности врз темелите на солидарноста.

Тој посочи дека обединети и единствени околу овие вредности можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време. Да покажеме заеднички дека сме подготвени да го направиме историскиот исчекор и да започнеме со преговорите за проширување на ЕУ со земјите на Западен Балкан.

Според наго, со новите граници, Европската Унија ќе стане уште поголем економски и политички играч на светската сцена зашто Европа научи дека стабилноста на континентот е во стабилноста на неговата целост.

Ковачевски кажа дека граѓаните на Република Северна Македонија ја избраа Европа и Европската Унија зашто се изградени на вредностите во кои веруваме и ги практикуваме и ние.
Оттаму, кога велиме дека ЕУ е избор на граѓаните на Северна Македонија, велиме и дека тоа е избор за економски посилна Европа. Избор за поправедна и побезбедна Европа која ни припаѓа на нас, на сите нас, рече Ковачевски. Затоа сме горди и на овој избор. Ја избравме иднината. Иднината на Европската Унија – иднина што му припаѓа на секој европски граѓанин.

Со идејата за Европската Унија лидерите на европските земји избраа дека сите разлики ќе ги решаваат на масата, а не на воените боишта. Затоа и сметавме дека нема да има војна повторно на европско тло. Но денес за жал сме сведоци дека правото секоја земја да го чува својот суверенитет и правото слободно да ја избира својата надворешнополитичка ориентација и сопствените безбедносни политики е повредено.

Затоа, заедно со нашите сојузници во НАТО стоиме цврсто на позициите за превенирање на безбедносните кризи кои ги загрозуваат мирот, стабилноста и просперитетот во светот. Ги следиме и се спротивставуваме на операциите кои целат да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во нашиот регион, чажа Ковачевски. Во таа насока, нашето сојузништво со Соединетите Американски Држави продолжува и понатаму да ја гради нашата успешна приказна на заедништво и на споделување на вредностите на кои е изграден најмоќниот воено-безбедносен сојуз, НАТО.

Со нашето заедничко учество во мисиите на НАТО и со поддршката на другите активности на Алијансата, заедно се справуваме со гео-политичките предизвици и даваме придонес кон намалување на ризиците и заканите кои потенцијално би можеле да донесат нестабилност во нашиот регион или во Северна Македонија.

Ковачевски укажа на тоа дека во изминатите пет години, после сите премрежија и искушенија, презедовме крупни, храбри чекори да направиме од нашата држава европски дом за сите зашто Северна Македонија била и секогаш ќе биде Европа, и дека тоа е нашиот избор за посигурна, безбедна и просперитетна иднина за нашите млади и за сите наши идни генерации.

Обединети и единствени во овој избор околу европските вредности, можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време. Денеска тоа е нашиот патриотизам, истакна Ковачевски.Со такво чувство и со таков пристап, денеска можеме гордо да си ги честитаме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ