• Latest

Петровска: Во НАТО нема мали и големи, први и последни, туку само понудена рака и сојузничка поддршка

May 12, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Петровска: Во НАТО нема мали и големи, први и последни, туку само понудена рака и сојузничка поддршка

May 12, 2022 13:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Војниците од армиите на Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија, Црна Гора, Албанија и Грција покажаа што значи колективна подготвеност и совршена интероперабилност и всушност ја пратија најважната порака дека кога сме НАТО не сме сами, порача денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќањето на  на Денот за високи гости во рамки на воената вежба „Брз одговор 22“, што се одржува на Армискиот полигон „Криволак“, пренесува МИА.

– Она што денеска го видовме и на што бевме сведоци не беше пркос и демонстрација на воена сила, туку демонстрација на нашето единство, обединетост и на нашето сојузништво, изјави Петровска.

Оваа вежба, истакна Петровска, го дала одговорот на сите лажни вести и хибридни дејства кои имаат за цел нашата армија да ја прикажат како слаба, необучена и неопремена.

 

– Ова денеска и она што се случуваше во текот на целата вежба е најдобриот демант и реален приказ за способноста на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија. На вежбата сите учесници ги покажаа своите капацитети за одлучно планирање, добар тренинг и заедничко и координирано дејствување. Покажаа дека совршено се разбираат се надополнуваат и оти заедно се посилни. Денеска беше пратена уште една важна порака – во НАТО нема мали и големи, нема прв и последен, нема натпревар за елиминација, туку подадена рака и сојузничка поддршка, истакна министерката за одбрана.

Тоа што се случуваше на „Криволак“ деновиве, вели таа, уште повеќе ја зацврсти нејзината  заложба, тој да биде висок приоритет во нејзиниот мандат како министер за одбрана и заедно со Генералштабот забрзано и плански да работат на негово развивање.

– Тренинг центарот на „Криволак“ да продолжиме да го развиваме согласно потребите за обука и тренинг на припадниците на нашата Армија, но тој ќе понуди и специфични сегменти за тренинг и обука кои ги користат нашите сојузници и стратешки партнери. Ова го гледам како уште една неверојатна можност за сите наши сојузнички земји и армии да ги зајакнат капацитетите за заедничка работа, за подобро меѓусебно запознавање и создавање меѓусебна доверба која не остава простор за никаков сомнеж. Така ја одржуваме нашата Алијанса силна. Така продолжуваме да бидеме столб кој ги одржува нашите демократии безбедни, рече министерката Петровска.

Заменик командантот на Армијата на САД за Европа и Африка, Петер Ендрусијак, истакна дека во вежбата се вклучени речиси 10,000 војници од војските на НАТО сојузниците, кои изведуваат заеднички падобрански активности и воздушни напади.

Заменик командантот на Армијата на САД за Европа и Африка, Петер Ендрусијак

– Ова е најголема од петте слични вежби. Северна Македонија е извонреден домаќин, имаме извонреден полигон за обука, а тука се НАТО сојузниците и партнерите кои даваат придонес и вежбаат заедно. Вежбите како „Брз одговор“ имаат витално значење за нашата заедничка подготвеност и интероперабилност и успехот не е можен без партнерството со нашите верен НАТО сојузник Северна Македонија. Вие треба да бидете многу горди на она што го гледаме денеска на оваа вежба, која претставува кулминација на долгорочна напорна работа, рече Ендрусијак.

Според него, во поширока смисла, вежбата ја покажува улогата на американската Армија за Европа и Африка како безбедносен стратешки партнер во регионот на Балканот и Црното Море, како и на Европа како целина.

– Ова претставува пример на нашите колективни способности и доказ за цврстата посветеност на САД кон НАТО и регионалната безбедност. Тука видовме современа опрема и приказ на способностите, но ова што е уште поважно е нашата меѓусебна посветеност и подготвеност да си помогнеме едни на други кога е најпотребно. Уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите сојузници и партнери за учеството во вежбата и посебно на Северна Македонија и нејзините граѓани, бидејќи заедно сме посилни, порача американскиот генерал.

Денеска на армискиот полигон „Криволак“, беше реализиран Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“ при што беа презентирани воздухопловни десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Црна Гора, Грција, Албанија и Република Северна Македонија .

На денот за високи гости, меѓу другите, присуствуваа и шефот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, претставници на дипломатскиот кор, генерали во АРСМ, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и на НАТО и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.

Вежбата „Брз одговор 22“ е досега најголема мултинационална вежба во Република Северна  Македонија од ваков вид и единствена од осамостојувањето на државата во која се реализираат воздушни десанти во овој обем.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ