• Latest

За власта Собранието функционира и покрај опозициската блокада, ВМРО-ДПМНЕ најавува „следни чекори“

May 15, 2022
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За власта Собранието функционира и покрај опозициската блокада, ВМРО-ДПМНЕ најавува „следни чекори“

May 15, 2022 09:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието функционира и покрај бојкотот на дел од опозицијата, децидна е власта во врска со „активната блокада“ што ВМРО-ДПМНЕ почна да ја спроведува неделава во Парламентот. Од опозицијата, пак, тврдат дека блокадата нема да биде само инстант акција и најавуваат преземање на следните чекори кон нивната конечна цел – утврдување датум за предвремени парламентарни избори.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера во Прилеп оцени дека и покрај бојкотот и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието функционира, потсетувајќи дека на собраниската седница во четвртокот беше усвоен дневниот ред, а во петокот на собраниска Комисија беа утврдени кандидати за нови судии во Уставниот суд.

Според него, несериозно е да се бојкотира Собранието во услови на најголема светска енергетска криза и ги повика сите пратениците да покажат одговорност.

„Во такви услови, секоја политичка партија треба да биде одговорна и да го даде максимумот за да се носат закони кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните. Не постојат закони кои не влијаат на општествените процеси во позитивна смисла и не може Собранието да се смета за супермаркет каде некој ќе одлучува кој закон ќе помине, а кој нема да помине“, потенцираше Ковачевски.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера од Скопје порача дека сегашната опозициска блокада во Собранието е „стратегија што ќе трае“ и нема да биде само „инстант акција“, најавувајќи дека утре ќе се одржи седница на партискиот Извршен комитет, на која ќе се разговара за следните чекори што ќе ги преземе партијата.

„Во понеделник, ќе имаме седница на Извршниот комитет и ќе отвориме дискусија за вториот и за третиот чекор. Ова е стратегија што многу ќе трае. Нема да биде инстант акција која што ќе заврши денеска или утре“, изјави вчера Мицкоски при посетата на Општина Кисела Вода.

Тој рече дека остануваат на ставот да ги блокираат сите закони кои ВМРО-ДПМНЕ ги смета за штетни, но оти нема да бидат блокирани оние законски решенија кои се од интерес на граѓаните.

„Се што не е од интерес за граѓаните, ние ќе го блокираме во Парламентот, како прв чекор“, додаде Мицкоски.

Меѓутоа, премиерот Ковачевски ги оквалификува како неточни тврдењата на опозицијата дека нема да блокира носење закони што се во интерес на граѓаните, посочувајќи ги како пример предложените измени на законот со кои треба да се овозможи исплата на субвенции за тутунарите.

„Средствата се обезбедени во Буџетот. Секоја година се прави измена во Законот. Тоа е техничка измена која Собранието веднаш ја одобрува. Во овој момент, на дневен ред на Комисијата за земјоделство, која ја води пратеник од опозицијата, тој закон не се става на седница. И оттука може да се види дека опозицијата нема никаква намера да не блокира закони коишто значат подобар живот на граѓаните“, рече Ковачевски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на останатите партии членки на коалицијата „За обнова на Македонија“ од вторникот ја започнаа најавената „активна блокада“ на Собранието, за која тврдат дека ќе трае се до постигнување договор за датум за предвремени парламентарни избори.

Одлуката за блокада на работата на Собранието беше донесена на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 4 мај и како што тогаш образложи потпретседателот на партијата Александар Николовски, таа подразбира „блокада на сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата“./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ