Нови дојави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија. Како што соопшти министерството за образование на Србија, пријавите за поставени бомби биле испратени на на и-маил адресите на 134 основни училишта на територијата на Нови Сад, како и во некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија.
На учениците им е соопштено дека наставата ќе се одвива онлајн.
Ова се надоврзува на серијата дојави за поставени бомби во Србија, за кои вчера, српската полиција во соработка со Обвинителството за организиран криминал идентификуваа вкупно 19 електронски адреси – 18 адреси на ЏиМаил (Gmail) и една е-пошта на ПротонМаил (ProtonMail), од каде се испратени заканувачките пораки за поставени бомби на различни локации во Србија. заканите пристигнале од Полска, Гамбија, Иран, Нигерија,Украина, Словенија и од Русија.
Пред два дена бомба била пријавена во Клиничкиот центар во Војводина по електронска пошта, но немало потреба од евакуација.