• Latest

УНИЦЕФ: Прекумерната потрошувачка од богатите земји ја уништува светската животна средина

May 24, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

УНИЦЕФ: Прекумерната потрошувачка од богатите земји ја уништува светската животна средина

May 24, 2022 10:53
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако целиот свет троши ресурси според стапката на најбогатите земји, ќе ни требаат повеќе од три планети Земја, се вели во извештајот на УНИЦЕФ. Детскиот фонд на ОН го спореди глобалното влијание врз животната средина на 39 членки на Европската унија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Изложеноста на штетни загадувачи, потрошувачката на ресурси, отстранувањето на е-отпадот и националниот придонес во климатската криза се меѓу индикаторите опфатени со студијата.

Шпанија, Ирска и Португалија се на врвот на скалата бидејќи на своите деца им нудат добра животна средина и имаат релативно низок придонес за глобалните еколошки проблеми.

Од друга страна, Австралија, Белгија и Канада се меѓу најбогатите земји во светот, за кои се вели дека имаат сериозно влијание врз глобалната средина, а со тоа и врз децата ширум светот, како и врз децата во тие земји.

„Не само што повеќето богати земји не успеваат да обезбедат здрава животна средина за децата во нивните граници, туку придонесуваат и за уништување на животната средина на децата во другите делови на светот“, рече Гунила Олсон, директорка на Канцеларијата за истражување на УНИЦЕФ „Иноченти“.

„Во некои случаи, гледаме дека земјите обезбедуваат релативно здрава животна средина за децата дома, но тие се меѓу најголемите загадувачи што ја уништуваат животната средина во странство“, додаде таа.

Австралија, Белгија, Канада или САД не обезбедуваат здрави услови за децата кои живеат во нивната област, додека помалку богатите земји во Јужна Америка и Европа прават помала штета на општата состојба на планетата, покажа истражувањето.

Во 39 набљудувани земји, повеќе од 20 милиони деца имаат високо ниво на олово во крвта, се вели во извештајот.

Иако Финска, Исланд и Норвешка се во првите редови во обезбедувањето здрава животна средина за сопственото потомство, од друга страна, тие се на последното место според влијанието на планетата во однос на емисиите, е-отпадот и нивото на потрошувачка.

Во Исланд, Латвија, Португалија и Британија, секое петто дете е изложено на влага и мувла дома, а во Кипар, Унгарија и Турција, повеќе од секое четврто.

Многу деца вдишуваат отровен воздух внатре и надвор, особено во Мексико, за разлика од Финска и Јапонија, се вели во извештајот.

Во Белгија, Израел, Холандија, Полска, Чешка и Швајцарија, постои можност повеќе од секое дванаесетто дете да биде изложено на високо ниво на загадување поврзано со пестициди, се вели во извештајот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ