• Latest

Македонската платформа „Е-трговија за сите“ се шири на регионално ниво

May 26, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Македонската платформа „Е-трговија за сите“ се шири на регионално ниво

May 26, 2022 10:05
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Споредено со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77% од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71%, додека под европскиот просек се Македонија со 57%, БиХ со 56% и Србија со 52%. Данокот на добивка како процент од комерцијалната добивка е највисок во Албанија – 14,1%, а најнизок во Црна Гора – 8,3%, додека пак времето потребно за извоз и увоз на производи во часови е најкратко во Молдавија. Вакви и голем број други бизнис факти и информации поврзани со водењето на бизнис со е-трговија од денеска официјално се достапни на првата регионална платформа за е-трговија „Е-трговијa за сите“ – ecommerce4all.eu.

Регионалната веб-платформа се развива од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија како главен имплементатор во соработка со асоцијациите за е-трговија и организациите од сродните индустрии од ЦЕФТА регионот.

Платформата, која претставува регионално проширување на македонската иницијатива „Ecommerce4All“, од денеска ќе биде достапна и во ЦЕФТА пазарите односно во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија.

Корисниците од регионот ќе можат да ја користат регионалната веб-платформа за е-трговија ecommerce4all.eu, во чии рамки е веќе достапен првиот од петте модули – модулот Податоци во е-трговијата. Модулот ја презентира состојбата на е-трговијата во пазарите од ЦЕФТА преку статистика и податоци за развојот (интерактивни графикони за состојбата на е-трговијата во секој пазар и споредби на е-купувачи, UNCTAD индекс за подготвеност за е-трговија и други релевантни податоци на Еуростат, на Светска Банка итн.), информации поврзани со подготвеност на земјите за водење бизнис со е-трговија, информации колку често, во која вредност и од каде купуваат онлајн купувачите итн. Овие податоци можат да им помогнат на компаниите во подобрување на работењето на локалниот пазар, но уште поважно, можат да им послужат на нивните планови за ширење на другите пазари во ЦЕФТА регионот.

Освен овој модул, платформата во текот на идниот период ќе биде надоградена со уште четири модули. Од нив, првите три модули ги покриваат клучните аспекти на водење бизнис во е-трговија, како што се правната регулатива за е-трговија, плаќање и испорака. Дополнително, платформата ќе биде збогатена со уште еден дополнителен модул – успешни приказни. Секој од овие модули ќе содржи релевантни информации специфични за конкретниот ЦЕФТА пазар, како и упатства, прирачници, документи поврзани со темата и видео презентации.

Веб-платформата е достапна на англиски јазик и на локалниот јазик за секој пазар.

„Развојот на оваа веб-платформа е од огромно значењe за е-трговијата, за вклучените организации и за регионалната соработка помеѓу ЦЕФТА пазарите. Е-трговците можат да дознаат важни бизнис факти и неопходни релевантни информации за сите пазари од регионот со цел полесно да можат да ги прошират своите бизниси надвор од својот пазар. Од друга страна, организациите од регионот кои работат на веб- платформата, покрај тоа што веќе почнаа меѓусебно да соработуваат, ќе можат и да се етаблираат како “гласот на е-тргoвијата” во своите пазари, но и регионално.” вели проектниот менаџер на овој проект, Марија Ристовска.

„Ни претставува задоволство што имаме можност ја шириме платформата за е-трговија регионално и што ја имаме честа АЕТМ да го води овој проект наменет за сите 7 пазари во ЦЕФТА. Ова е прв регионален проект поврзан со е-трговија на кој асоцијациите за е-трговија и останатите организации од регионот соработуваат заеднички. Преку оваа веб платформа очекуваме дека ќе се “отклучи” потенцијалот за раст и ширење на компаниите со е-трговија во регионот и дека значително ќе се зголеми соработката меѓу Асоцијациите, која пак ќе придонесе кон реализирање на уште повеќе иницијативи за е-трговија со регионален карактер.” – вели Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Развојот на платформата „Ecommerce4All“ е поддржан од проектот за надворешна трговија на Oтворениот регионален фонд имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Главна цел е да се подобри меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој и го поддржува автономното спроведување на политиките усогласени со ЕУ, насочени кон постигнување на рамномерен регионален развој на државата. Фондот има за цел да го подобри спроведувањето на реформската агенда за трговија и конкурентност во ЦЕФТА регионот во согласност со барањата на процесот на приближување кон ЕУ.

Развојот на платформата „Ecommerce4All“ е поддржан од проектот за надворешна трговија на Oтворениот регионален фонд имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Главна цел е да се подобри меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој и го поддржува автономното спроведување на политиките усогласени со ЕУ, насочени кон постигнување на рамномерен регионален развој на државата. Фондот има за цел да го подобри спроведувањето на реформската агенда за трговија и конкурентност во ЦЕФТА регионот во согласност со барањата на процесот на приближување кон ЕУ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ