Собранието функционира, но отежнато поради активната блокада на опозицијата, вели за ЦИВИЛ Медиа, пратеничката и лидерка на ДОМ, Маја Морачанин.
Таа додава дека ваквите блокади не се нешто ново, туку веќе видена стратегија на опозицијата.
„Јас сум поротив блокади особено во една ваква глобална економска криза, кога имаме војна во Украина. Ваквото однесување на опозицијата сметам дека е неодговорно, бидејќи граѓаните бараат од нас одговорност и посветеност во решавање на нивните проблеми. Без разлика дали сме од мнозинството или од опозицијата, граѓаните нè бирале и очекуваат од нас да ги решаваме нивните проблеми“, нагласи Морачанин.
Дехран Муратов












