• Latest

Поради пожарот во Тетово прекината наставата, десетици полесно повредени

May 30, 2022

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

Поради пожарот во Тетово прекината наставата, десетици полесно повредени

May 30, 2022 14:18
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Десетина лица побарале лекарска помош поради задушување и тешкотии од вдишан чад, а двајца се примени на хируршкото одделение во Тетово поради изгореници од големиот пожар кој избил изутринава околу 9.30 часот во складот на фабриката за градежни материјали на фирмата „Пофикс“ кои се наоѓаат во поранешните простории на „Македонија Табак“. Во гаснењето учествува и полициски хеликоптери.

Меѓу повредените и оние кои побарале лекарска помош има граѓани и пожарникари. Во моментов пожарот го гасат пожарникари од Тетово, а на помош дојдоа и од скопската противпожарна единица бидејќи пожарот е голем и се шири кон останатите магацински простории.

Општина Тетово денеска донесе одлука да се прекине наставата во тетовските основни и средни училишта бидејќи воздухот е многу загаден како последица од пожарот.

„Секторот за јавни дејности на Општина Тетово донесе одлука да прекине наставата во училиштата, а учениците да не престојуваат на отворен простор туку да се упатат во своите домови. Исто така апелираме до сите граѓани денеска и утре да останат во своите домови и без некоја поголема потреба да не излегуваат надвор. Ние со пожарникарите сме на терен и тие работат на гаснењето на огнот. Побаравме помош и од Општина Гостивар од нивната противпожарна единица како и од Град Скопје. Тие се одзваа на нашиот повик и сега со заеднички сили работат на локализирање и гаснење на пожарот. Исто така од МВР е побарано да се испрати и хеликоптер кој би помогнал во гаснењето на пожарот. Од досегашните информации што ги имаме од тука на теренот, нема повредени лица само неколку кај кои има лесно задушување“, изјави Бесар Дурмиши, претседавач на Советот на Општина Тетово.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ