• Latest

Истражување: Родово-базираната дискриминација поврзана со трудот е сè уште широко распространета во Западен Балкан

May 31, 2022

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Истражување: Родово-базираната дискриминација поврзана со трудот е сè уште широко распространета во Западен Балкан

May 31, 2022 13:18
in ВЕСТИ, РЕГИОН, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата за борба против родово-базирана дискриминација на пазарот на труд на Западен Балкан вчера преку Зум го промовираше второто издание на истражувачкиот извештај со наслов Родово-базирана дискриминација и работни односи во Западен Балкан, пишува Мета.

Истражувањето беше спроведено од женски граѓански организации (ЖГО) како дел од регионалната акција „Зајакнување на граѓанските организации во борбата против дискриминација и унапредување на работничките права на жените“ во Западен Балкан, поддржана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.

Клучните наоди упатуваат на тоа дека ниту една влада ја нема во целост усогласено својата законска рамка со Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот. Постојат различни отворени прашања поврзани со правата за отсуство, особено родителско, татковско и отсуство за негуватели.

Исто така, иако се чини дека свеста дека родово-базираната дискриминација е незаконска е малку подобрена, многу луѓе сè уште не знаат каде и како да ја пријават.

Наодите покажуваат дека родово-базираната дискриминација поврзана со трудот е сè уште широко распространета во Западен Балкан, вклучително и при вработување, унапредување, плата, договори за вработување, права поврзани со бременост и породилно отсуство, татковско отсуство и сексуално вознемирување на работа.

ЛГБТКИ+ лицата, жените со попреченост и жените од малцинските етнички групи пријавуваат дека се соочуваат со повеќекратна, меѓусекторска дискриминација, додека малку луѓе пријавуваат родово-базирана дискриминација затоа што не се доволно информирани каде да пријават, имаат недоверба во институциите, страв од стигматизација, страв од губење на работа или друга виктимизација и бавна, често скапа правда, покажува ова истражување.

Според извештајот, институциите на Западен Балкан (ЗБ) не прибираат соодветни родово разделени податоци за пријавени случаи на родово-базирана дискриминација поврзана со трудот.

Некои од клучните препораки во истражувањето наменети за ЕУ се: имплементација на институционални реформи за справување со родовата дискриминација на пазарот на труд како услов за процесот на пристапување во ЕУ на земјите, но и следење на реформите користејќи стандардизиран пристап, преку извештаи за земјата.

За одговорните институции во секоја од земјите, истражувањето бара да се усогласи националното законодавство со Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот, да се подобри собирањето на податоци, осигурувајќи дека сите податоци се
расчленети по пол на жртва(и), наводен сторител(и), локација и форма на
дискриминација, но и да има редовно објавување на податоците.

„Континуираната работа на граѓанските организации за правата на жените кои стојат зад ова регионално истражување придонесува за политички интервенции засновани на докази и обезбедува корисни препораки за справување со родовата дискриминација во ЗБ, од страна на владите, граѓанското општество, бизнисите и ЕУ“, рече во своето воведно обраќање, Олга Мартин Гонзалес, координаторка за родова еднаквост во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија.

Тања Мишчевиќ, заменик генерален секретар за Европски ЗБ при Регионалниот совет за соработка (RCC) и честиташе на Коалицијата за извештајот. Таа рече дека извештајот е „исклучително важен документ“ бидејќи „ќе помогне да се креираат нови политики за сите шест економии во Западен Балкан“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ