• Latest

Одлуката за утврдување реони за градинки во општина Карпош не може да важи за веќе запишани деца

June 2, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Одлуката за утврдување реони за градинки во општина Карпош не може да важи за веќе запишани деца

June 2, 2022 11:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

По најавата пренесена во медиумите, дека од 10 јуни од градинките во општина Карпош ќе треба да се отпишат сите деца што не живеат на територијата на оваа општина, до Хелсиншкиот комитет за човекови права се обратија повеќе родители, загрижени дека ваквата одлука негативно ќе влијае на нивните деца, од кои дел се со попреченост, соопштуваат од Хелсиншкиот комитет.

Комитетот се обрати до Министерството за труд и социјална политика со барање за постапување во конкретниот случај. Од министерството извршиле надзор врз работата на органите на општината и дале укажување дека децата, кои досега се уредно запишани и ги посетуваат предучилишните установи во општината, треба да продолжат со згрижувачко-воспитниот процес, согласно одредбите од Законот за заштита на деца во делот на прием на деца, како и одредбите од Конвенцијата за правата на детето и Уставот на Република Северна Македонија.

Децата кои се примени во предучилишните установи во општина Карпош, а се од други општини, уредно се примени од страна на јавните установи и имаат склучено договори и посетуваат градинка подолг период. Тие моментално се соочуваат со ситуација која негативно ќе влијае врз нив и не е во нивен најдобар интерес, а ова особено ги засега децата со попреченост, имајќи ги предвид нивните специфични потреби.

Хелсиншкиот комитет укажува дека одлуката на општина Карпош не може да се применува ретроактивно, односно не може да ги опфати децата кои претходно биле уредно запишани во градинките, односно таа може да важи само од моментот на нејзиното донесување. Впрочем, тоа е наведено и во самиот текст на одлуката на општината, које била усвоена на 20 април 2022 година.

Поради ова, а во насока на исполнување на најдобриот интерес на децата, бараме од општината и од градоначалникот на општина Карпош да не ја толкуваат незаконски сопствената одлука и предвремено да не ги раскинуваат претходно и уредно склучените договори, а одлуката да важи од денот на донесување и само за идни уписи во предучилишните установи, стои во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ