• Latest

Прекината комисиската расправа за имени и дополнувања на Законот за работни односи

June 2, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прекината комисиската расправа за имени и дополнувања на Законот за работни односи

June 2, 2022 16:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска расправаше по изменувањата и дополнувањата на Законот за работните односи, поднесени од група пратеници од парламентарното мнозинство, а се однесуваат на дел од одредбите за недела неработен ден, но и за продолжување на мандатот на судии и јавни обвинители, односно зголемување на старосната граница кога тие можат да одат во пензија и таа да изнесува 67, наместо 64 години, пренесува МИА.

Продолжувањето на мандатот на судиите и јавните обвинители за три години, според предлагачите, се бара поради тоа што може да се јави нивен недостиг поради тоа што процедурата потребна за обуки, а потоа и за избор на нови судии и јавни обвинители.

Жаклина Лазаревска од СДСМ, која е еден од предлагачите на законот, појасни дека почетната обука на кандидатите за судии и јавни обвинители трае две години, а по нивен избор за судии/обвинители, првите пет години судат на предмети кои не се од сложен карактер. Имајќи ги во предвид роковите утврдени за влез во Академијата, па се до нивниот избор, настаната е ситуација одредени судии и јавни обвинители во тој период да заминат во пензија и да им престане работниот однос по сила на законот.

Од друга страна, во тој период, кандидатите за судии и јавни обвинители се уште нема да бидат дел од правосудниот систем и ова ќе доведе до намалување на бројот на судии и обвинители кои треба да се справат со редовниот прилив на предмети, а со тоа и со вршењето на овие две функции во целина.

Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, овие измени во делот на мандатот на судиите се крајно проблематични и се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството. Дополнително, нагласија тие, според стандардите на ЕУ, бројот на судии во однос на бројот на население е голем. Проблемот велат, не е во малубројноста, туку во партизираноста и неажурноста.

Пратеникот Дајанчо Ефтимов истакна дека уште поголем проблем со овие измени за чие донесување е потребно просто мнозинство, би се дерогирале одредби од законско решение за судови кои, како што рече, се носи со двотретинско мнозинство.

Дополнително, нагласи, сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот.

Тој побара измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, и оти тие како пратеничка група ќе дадат придонес за измените кои се однесуваат за „недела неработен ден“.

Седницата на Комисијата беше прекината, а продолжението ќе биде дополнително закажано.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ