• Latest

ГЛОБСЕК: Бугарија е најевроскептичната земја во Централна и Источна Европа

June 7, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ГЛОБСЕК: Бугарија е најевроскептичната земја во Централна и Источна Европа

June 7, 2022 14:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија е најевроскептичната земја во Централна и Источна Европа, со 70 отсто од граѓаните за останување во ЕУ и 23 отсто за напуштање на блокот (зголемување од 6 процентни поени во споредба со 2021 година). Дури 20 проценти од Бугарите веруваат дека ЕУ е закана за нивниот идентитет и вредности, пренесува МИА.

Земја со најголема поддршка за ЕУ е Литванија со 88 отсто. Ова го покажуваат податоците на ГЛОБСЕК, глобален тинк-тенк со седиште во Братислава.

ЕУ продолжува да ужива силна поддршка во Централна и Источна Европа, покажуваат податоците. Во просек, 80 отсто од испитаниците би гласале за останување во ЕУ, што го нагласува фактот дека членството во ЕУ стана поутврдено во регионот.

Поддршката за останување во ЕУ е зголемена од 2021 година за 14 процентни поени во Чешка, 8 процентни поени во Литванија и 7 процентни поени во Унгарија.

Зголемената поддршка за останување во ЕУ во текот на изминатата година може да се опише како одговор на двете кризи од последните неколку години – пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина – кога членството во ЕУ се покажа попрофитабилно.

Чесите, иако се сметаат за поевроскептични, изразија рекордна поддршка за членството во ЕУ. Ова можеби е поврзано со новата, силна проевропска влада и претстојното второ чешко претседателство со Советот на Европската унија. Промената во Чешка ја остава Бугарија како актуелна најевроскептична земја. Унгарија, од своја страна, исто така, забележа поголема поддршка за членството во ЕУ од падот во претходната година, и покрај поддршката на Орбан за континуираната пропаганда против ЕУ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ