• Latest

Абазовиќ: Имате подадена рака од Црна Гора за секоја иницијатива која води кон напредок на Западен Балкан

June 8, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Абазовиќ: Имате подадена рака од Црна Гора за секоја иницијатива која води кон напредок на Западен Балкан

June 8, 2022 13:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Минатото не можеме да го смениме, само иднината. Изборот е на нас. Иницијатива „Отворен Балкан“ ја доживувам како помош заедно да создадеме иднина на економскиот прогрес, на бизнис, на поголема мобилност на граѓаните, на поголема соработка на сите полиња. Секоја иницијатива која може да води кон прогрес и помирување ќе има поддршка од Владата на Црна Гора.

Ова го порача денеска Дритан Абазовиќ, премиерот на Црна Гора која се уште не е формално членка на  Отворен Балкан, на самитот на иницијативата во Охрид

Тој истакна дека во интерес на сите граѓани од регионот е соработката на сите лидери од Западен Балкан за економски развој и остварување на европските интеграции. Изрази задоволство од присуството на еврокомесарот за проширување, и особено што САД ја поддржуваат оваа иницијатива. Ја поздрави идејата земјите од регионот во време на криза да имаат една работа група која полесно ќе интервенира доколку дојде до криза на енергетнтите и транспортот на храна.

-Доколку некој мисли дека сам може да ги задоволи сите потреби во 21 век во 2022 нека му е со среќа, но таква политика е фатална, ако од друга страна во еден отворен разговор развиеме доверба, создадеме друштво кое може да создаде нова вредност, создадеме друштво кое може да даде шанса на некои нови политики иницирани со желба за поголем економски раст и мобилноста на нашите граѓани навистина мислам дека на тоа треба да дадеме шанса, рече Абазовиќ.   

Уверен е дека желбата на сите лидери тука е својата земја да ја видат во ЕУ, бидејќи, вели, ЕУ нема да биде целосна доколку сите земји од Западен Балкан не бидат во неа, а иницијативите како оваа за Отворен Балкан која придонесува за севкупен напредок треба да се поддржат, пренесува МИА.

-Идејата е да имаме некоја динамика во која сите земји ќе имаат дел на ЕУ. Тоа ќе создава поголема сигурност на граѓаните и поголем економски прогрес и тоа ќе значи дека ние завршивме со политиката на минатото. Таа политика ништо добро не донесе за регионот. Политиката на минатото е политика на судири, а политиката на иднина е политика на меѓусебно почитување, на доверба и сакам да ви кажам дека имате подадена рака од Владата на Црна Гора за сите иницијативи кои создаваат вкупен напредок на Западен Балкан и ниту една иницијатива нема да ја доживуваме како непријателска, туку да бидеме дел од голема Европска унија. На нас е да демонстрираме дека тоа можеме го испорачаме, да си подадеме раце и да ги решаваме сите проблеми како што ни доликува, порача црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ